„Дома пред да се стемни“ и уште 2 нови книги за одлично поминато време

„По исхраната, засолништето и друштвото, приказните се најважната работа на светот.“ А ние имаме 3 одлични за вас.

Doma-pred-da-se-stemni-knigi-01.jpg

Приказни кои ќе ве освојат од првата до последната страница и ќе го одвоите секој слободен миг за да се дружите со нив:

Дома пред да се стемни – Рајли Сејгер

Меги Холт е познато име за жителите на Вермонт – нејзиниот татко го прославил целото семејство со книгата за куќата „Бејнбери хол“ од која сите побегнале среде глува доба.

Неговата хорор-приказна за натприродни и злокобни присуства станала светски феномен на популарност, но и на скептицизам.

Меги сега е возрасна и ја наследува „Бејнбери хол“. По смртта на татко ѝ, одлучува да ја открие тајната. За неа духови не постојат и таа е решена по секоја цена да се соочи со она што мисли дека го заборавила пред дваесет и пет години.

Doma-pred-da-se-stemni-knigi (1).jpg

Кралството – Ју Несбе

Во едно мало норвешко село, автомеханичарот Рој Опгард води осаменички живот, сè додека не се случи она што никој не го очекува – враќањето на неговиот помлад брат.

Карл доаѓа богат, со диплома во џебот, со мистериозната сопруга Шенон и со голем план за осиромашеното родно место – бизнис што сите го прифаќаат како можност за спас.

И токму кога се чини дека минатото е заборавено, почнуваат да испливуваат мрачните тајни од нивното детство.

Doma-pred-da-se-stemni-knigi (2).jpg

Крај за паметење – Џенифер Пробст

Офелија Бишоп е вљубена тинејџерка. Таа и младиот Кајл Кимптон заедно заминуваат во Холивуд за да ги остварат нивните соништа.

Кога ќе сфати дека на Кајл кариерата му е поважна од нивната врска, Офелија се откажува од својата амбиција и се враќа дома да го води фамилијарниот пансион.

Кајл се враќа во родниот град, со цел на мир, надвор од напнатиот живот во Холивуд, да го напише неговото најдобро филмско сценарио, таму каде што ја сретна неговата најголема инспирација – својата прва љубов…

Меѓутоа срцето на Офелија е еднаш веќе скршено и таа е свесна дека тој секој миг може да се врати во Холивуд.

Doma-pred-da-se-stemni-knigi (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...

Најчитани неделава