Три тазе отпечатени книги кои ќе ве поттикнат на подобрување на сопствениот живот

Некои книги едноставно имаат моќ да ве натераат на длабоко размислување и подобрување на сопствениот живот преку донесените одлуки.

Tri-taze-otpechateni-knigi-koi-ke-vi-go-podobrat-zivotot-01.jpg

Овие три, секоја од различен аспект, ќе ви ја покажат моќта на упорноста и борбата, понизноста на размислувањето и учењето од своите грешки, како и силата на љубовта:

Возбудливи времиња – Ниша Долан

Не можејќи да се помири со ситуацијата што владее во нејзината родна Ирска, Ејва одлучува да си ја најде среќата во Хонгконг. Тука деновите ги минува предавајќи им англиски на богати дечиња, а ноќите избегнувајќи ги зајадливите цимерки во малото станче. Низ најразлични размисли, таа постепено ни ги открива својот карактер, борбата со ниската самодоверба и храбрите политички ставови.

Набрзо во нејзиниот живот ќе се појават две значајни личности. Благодарение на искуствата од двете сосем различни љубовни приказни, таа го открива патот за закрепнување од самоомразата. Пријателството со Џулијан и Идит ќе ја стави на значаен животен крстопат. Кој пат ќе го избере нејзиниот ум, а кој срцето?

Tri-taze-otpechateni-knigi-koi-ke-vi-go-podobrat-zivotot (2).jpg

Размислете уште еднаш – Адам Грант

Новите докази ни покажуваат дека преиспитувањето како начин на размислување и вештина може да биде научено и Грант ни објаснува како да ги развиеме потребните квалитети за да го направиме тоа.

„Размислете уште еднаш“ е книга за разумното сомневање, како подобро да го прифатиме непознатото и да не се плашиме од грешките. Доказите потврдуваат дека креативните гении не ги врзува еден идентитет, туку константно се подготвени да ги преиспитаат своите ставови, а лидерите што признаваат дека нешто не знаат и бараат конструктивна критика водат попродуктивни и поиновативни тимови.

Tri-taze-otpechateni-knigi-koi-ke-vi-go-podobrat-zivotot (1).jpg

Подарок за сеќавање – Мелиса Хил

Дарси Арчер работи во мала книжарница на Менхетен. Верна на своите соништа, одбива да се заљуби во некој што не е речиси совршен маж, некој што нема да ја собори од на нозе … буквално.

Еден ден, на патот до книжарницата, возејќи велосипед, Дарси случајно ќе налета во убаво облечен маж со куче на поводник. Тој паѓа во несвест и итната помош мора да го однесе во болница, додека кутрото куче ќе остане само. Исполнета со чувство на вина, Дарси го зема кучето и размислува како да го врати на сопственикот што за целото тоа време лежи во болница и не може да се сети на ништо што се случило пред несреќата.

Tri-taze-otpechateni-knigi-koi-ke-vi-go-podobrat-zivotot (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...

Најчитани неделава