3 страсни љубовни романси од кои срцето ќе ви зачука посилно

Пролетта е сезона на будење на природата, но и она што длабоко заспало во луѓето во текот на студената долга зима.

Tri-strasni-ljubovni-romani-01.jpg

Препорачуваме три прекрасни, нежни, но истовремени моќни љубовни новели, исполнети со љубов и страст за будење на емоциите и неколку побрзо отчукувања на срцето:

Моја до полноќ (Хатавеј #1) – Лиса Клејпас

По смртта на родителите, Амелија Хатавеј храбро ги презема уздите на животот, заедно со грижата за нејзините три помали сестри и нејзиниот своеглав брат. Нивниот живот е скромен и пристоен, барем до неочекуваното наследство кое го издигнува нејзиното семејство до ранговите на аристократијата.

Но, новите околности со себе носат и куп нови проблеми, меѓу кои и повторната средба на Амелија со Кам Рохан – мистериозниот, безобразно богат и опасно згоден маж со ромско потекло.

Tri-strasni-ljubovni-romani (3).jpg

Јапонскиот љубовник – Рани Маника

Јапонците ја окупираат Малаја и животот на Парвати целосно се менува преку низа непредвидливи настани. Таа е принудена да му биде љубовница на човекот кој ѝ е заколнат непријател, сè со цел за да ја поштеди својата ќерка од овој човек.

На овој начин, Парвати за прв пат ќе доживее сексуална екстаза, ќе искуси љубов каква што посакувала, а непријателот и станува љубовник за каков што копнеела отсекогаш. А тука е и пораката дека секој крај е само нов почеток.

Tri-strasni-ljubovni-romani (2).jpg

Биди со мене – Џенифер Арментраут

Дали Тереза и Џејс имаат шанса да бидат заедно, или животот има друг план?

Тереза е вљубена во најдобриот другар на брат ѝ, но тој не зборува со неа
откако се бакнаа – еден неверојатен бакнеж што ти го менува животот засекогаш. Потоа, таа излезе од една ужасна врска. А сега, повредата со која се здоби може да стави крај на нејзината кариера како танчарка. Време е за план Б: колеџ!

А можеби ќе има и шанса да го убеди Џејс дека тоа што постои меѓу нив е она вистинското. Џејс крие огромна тајна што не ја кажува никому – особено не на Тереза.

Tri-strasni-ljubovni-romani (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
Три одлични трилери од Далибор Трајковски што се читаат во еден здив Воден од сопственото искуство, дополнето со неговата фантазија, кавадарчанецот Д...

Најчитани неделава