Три нови, возбудливи книги кои ќе ви го одвлечат вниманието од секојдневните проблеми

„Дали еден човек чита или не – тоа веднаш се забележува. Помеѓу луѓето нема поголема разлика од оваа“.

Vozbudlivi-knigi-koi-ke-vi-go-odvlecat-vnimanieto-od-problemite-01.jpg

Доколку сте од оние кои се издвојуваат од толпата и сте љубители на книги, особено на оние кои имаат моќ целосно да се одвојат од реалноста и, барем за момент, да ве оддалечат од секојдневните проблеми, тогаш топло ви ги препорачуваме следните три нови наслови:

Нулорог – Петр Станчик

Инспекторот Либор Лавабо решава навидум лесен случај на 12 изгорени носорожици.

Но, во потрагата постепено се вплеткува и тајниот дневник на Ј. В. Гете, борбата меѓу заговорничките организации „Нептунија“ и „Плутонија“ за тоа која ќе владее со светот, како и лудата натпоручничка Марханова.

Пораката скриена во серијата слики од Црното Езеро на Јан Прајслер ќе го доведе Лавабо сè до внатрешноста на изгаснатиот вулкан Коморна Гора. И, токму тука се крие неочекуваното решение на целата загатка.

Насловот „Нулорог“ се однесува не само на роговите што на женките-носорози им ги отсекуваат ловокрадците, но и на „нула-суштината“ на времето во кое веќе нема место за слободната имагинација.

Vozbudlivi-knigi-koi-ke-vi-go-odvlecat-vnimanieto-od-problemite (1).jpg

Ловецот (Ретропродолжение) – Крис Картер

Запознајте го Роберт Хантер, најмладиот детектив за убиства кој некогаш работел во полицијата во Лос Анџелес – и тоа уште на неговиот прв ден на работното место.

Како на неискусен почетник, му даваат едноставен случај со самоубиство. Но кога тој пристига на местото, веднаш почнува да се сомнева дека нешто не е како што треба.

И покрај фактот дека влезната врата е заклучена и затворена однатре со резе, а не постои апсолутно никаков друг излез од станот, Хантер има претчувство дека жртвата не извршила самоубиство.

Со оглед на тоа дека сите докази се против него, неговиот нов шеф не сака да чуе за експерименти, па Хантер има тешка задача за докажување ако сака да го реши случајот и да го задржи своето место во тимот.

Vozbudlivi-knigi-koi-ke-vi-go-odvlecat-vnimanieto-od-problemite (3).jpg

Детето на месечевата светлина – Карен Мекквешчен

Една студена јануарска ноќ, Шерон излегува во дворот за да го гледа помрачувањето на Месечината за кое сите зборуваат. Сакајќи да ја фотографира, го насочува мобилниот кон куќата на соседите.

За нив знае само дека се презиваат Флеминг благодарение на поштенското сандаче. Но таа ноќ забележува нешто чудно во нивната куќа – мало девојче кое мие садови поткачено на столче во кујната. Шерон знае дека соседите немаат дете на таа возраст.

А дури и да имаат некое гостинче, зошто толку мало дете би миело чинии во единаесет часот навечер? Кога ќерка ѝ Ејми ќе ја замоли привремено да ја вдоми Никита, осумнаесетгодишна девојка без родители, Шерон ја заборава таа случка.

Но наскоро и Никита почнува да забележува сомнителни работи во соседната куќа. А кога социјалните служби не сакаат да се вмешаат во случајот, тие двете ги преземаат работите во свои раце.

Vozbudlivi-knigi-koi-ke-vi-go-odvlecat-vnimanieto-od-problemite (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги што идеално ќе се вклопат со амбиентот на плажа (I дел) Време е за одмор, сонце, вода и плажа, а ништо не носи мир во душата како добрат...
Три комплексни романи за читатели со истенчен вкус за книги Марк Твен рекол дека „Човекот кој не чита добри книги не е ништо подобар од чове...
3 напнати психо-драма трилери кои ќе ве воодушеват и остават без мир Доколку сте љубители на овој жанр, овие 3 наслови со сигурност ќе ве воодушеват....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg