3 жешки секси романси кои ќе ви ги разбудат заспаните сетила и ерогените зони

Пишувањето на добар еротски роман претставува навистина голем предизвик. Но, се чини дека голем дел од авторите немаат проблем со оваа тема, а сè повеќе македонски автори се испробуваат во овој жанр.

3-zeshki-seksi-romansi-01.jpg

Доколку сте расположени за книги кои ќе ви ги заскокоткаат сетилата и ќе ви ги разбудат заспаните ерогени зони, време е за:

Вистинскиот за мене – Кејти Еванс

Тејт Ремингтон – едниот и единствен – е ѕвезда на опасните борби во подземјето. Жените го обожаваат, сонуваат за него и збеснуваат по него. Мажите му завидуваат и сакаат да бидат како него.

Кога Брук случајно завршува на негова борба и тие прекрасни сини очи се вперуваат во неа, таа заборава сè, дури и сопственото име. А неговото величествено, мускулесто тело дополнително придонесува за ова.

Нејзиниот живот се превртува наопаку кога ова совршенство ѝ нуди работа која може да ѝ отвори многу врати во животот. Но поранешниот боксер е непредвидлив и опасен и ја привлекува, онака неодоливо, животински.

3-zeshki-seksi-romansi (1).jpg

Испреплетена со тебе – Силвија Деј

Гидион е бог на сексот, како што Ева милува да го опише. Висок, згоден, секси и многу успешен. Но, и двајцата имаат болно минато, демони од минатото кои ги следат и од кои е тешко да се ослободат.

И двајцата се борат да успеат и покрај препреките кои ги раздвојуваат. Но, нивното проблематично детство, опсесивната љубомора и желбата едниот да го поседува другиот се пречки кои може да се надминат… или пак не?

3-zeshki-seksi-romansi (2).jpg

Фајтер – Иван Наумовски

Крими-љубовен роман за боксот, парите, моќта и валканите игри. За рајскиот остров, убавите жени на џет сетот и нивните луди забави. Роман во кој сите учесници, помалку или повеќе, се хазардери на сопствените чувства и задоволства. Книга за ситните ноќни часови, исполнета со еротски набој.

3-zeshki-seksi-romansi (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...

Најчитани неделава