Три книги кои целосно ќе ве хипнотизираат и нема да ги оставите додека не ја затворите последната страница

„Верувајте им на книгите. Тие се тивки кога има потреба, а гласни кога треба да ви го откријат светот што сте го барале.“

Tri-knigi-koi-celosno-ke-ve-hipnotiziraat-01.jpg

Доколку сте во потрага по возбудлива романса, инспиративна и мотивирачка литература или можеби по крими-мистерија која ќе ве остави без сон, откријте го светот што го барате:

Совршенство – Р. Л Метјусон

Зои е навикната да се грижи самата за себе и одамна има прифатено дека кога се случува нешто лошо, сигурно ќе ѝ се случи нејзе. Па кога ја губи работата поради глупост и сè тргнува во надолна линија после тоа, таа не очекува никакво подобрување на ниедно поле.

И дефинитивно не очекува да добие помош од нејзиниот бучен безобразен сосед, но секако нема што да изгуби, па ја става довербата во негови раце и решава да се надева на најдоброто. Но, она што не го очекува е уникатната можност која ѝ ја нуди тој со договор од кој двајцата би имале корист, а никој не би требало да биде повреден…

Tri-knigi-koi-celosno-ke-ve-hipnotiziraat (3).jpg

Остани позитивен со Марко Аурелиј – Јана Капри и Чаран Дијаз

Што можам да сторам за да бидам среќен? Како треба да се однесувам со другите? Како помалку да се грижам? Можам ли да останам позитивен и спокоен?

Овие се големи прашања што сите си ги поставуваме во одреден момент од животот. Но воопшто не е лесно да се најде соодветен и мудар одговор.

Замислете си дека сите овие секојдневни прашања можете да му ги поставите на најголемиот стоички филозоф Марко Аурелиј. Оваа книга ви го овозможува тоа, зашто во неа ќе најдете: 79 прашања за животот, 79 одговори од Марко Аурелиј приспособени на денешниот јазик и поттикнувачки мисли за да го задржите позитивниот став во животот.

Tri-knigi-koi-celosno-ke-ve-hipnotiziraat (2).jpg

Убиствата во Флит Хаус – Лусинда Рајли

Ненадејната смрт на еден ученик во Флит хаус, во Свети Стефан – мало приватно интернатско училиште во срцето на Норфок – е стаписувачки настан, што директорот од сè срце се обидува да го нарече трагичен инцидент.

Меѓутоа, локалната полиција не може да исклучи насилство, па случајот го забрзува враќањето на познатиот детектив инспектор Џезмин „Џез“ Хантер во редовите на полициските сили. Таа има свои лични причини поради кои ја напуштила кариерата во Лондон, па неволно се согласува да ја води истрагата, правејќи му услуга на својот поранешен шеф.

Tri-knigi-koi-celosno-ke-ve-hipnotiziraat (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
Напнати трилери од Тес Геритсен кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Љубителите на криминалистичките приказни сигурно слушнале за Рицоли и Ајлс - дет...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...

Најчитани неделава