3 предлог книги од Јелена Бачиќ Алимпиќ - со силни хероини што не потклекнуваат пред предизвиците

Жанровски сосема различни една од друга, овие книги се одлични за сите што сакаат да читаат приказни со силни хеорини што не се предаваат и се борат до крај, кога се соочени со некои од најголемите предизвици во животот. Ви се допаѓа ли стилот на познатата српска авторка Јелена Бачиќ Алимпиќ?

3-predlog-knigi-od-jelena-bachikj-alimpikj-nameneti-za-silni-heroini-shto-ne-potkleknuvaat-pred-predizvicite-01.jpg

Српската авторка Јелена Бачиќ Алимпиќ е една од најпознатите авторки во регионот. Нејзините книги се преведувани на македонски, турски, бугарски, словачки и француски јазик, а од 2010-тата година, па наваму важи за една од најпопуларните авторки на Балканот.

По долгата кариера како новинар, во 2010-та година Јелена се врати кон корените и кон она што го студирала, па досега објавила над 10 романи, кои речиси секогаш се бестселери.

Нејзините книги се сконцентрирани на семејните односи, на љубовта во семејството, меѓусебната грижа и поддршка. Речиси секогаш тоа се приказни за силни жени што остануваат исправени пред сите предизвици во животот.

Дел од нејзините книги се преведени и на македонски јазик, а овојпат ви издвојуваме 3 предлог книги што веруваме дека ќе ви се допаднат.

Неговите бели ракавици

Колку долго траат страста и љубовта? Што се случува кога тие ќе исчезнат и ќе настапи омразата? Дали треба на неверството да се одговори со неверство? Ова се некои од прашањата што се поставуваат во романот „Неговите бели ракавици“.

Дејството во романот се одвива во Босна и Херцеговина на почетокот на 20-тите години од минатиот век. Љубица Игњатовиќ е девојка надарена за пишување, која живее во семејниот дом во Сараево.

Таа има студен однос со мајка си, но затоа е исполнета од љубовта што ја добива од својот татко.

Нејзиниот живот во целост ќе се промени по случајната средба со Карел Драгутин Харт, владиниот чиновник во кој таа ќе се вљуби и со кого ќе стапи во брак.

3-predlog-knigi-od-jelena-bachikj-alimpikj-nameneti-za-silni-heroini-shto-ne-potkleknuvaat-pred-predizvicite-05.jpg

Некој друг живот

Приказната е за двете близначки Ирена и Марта ван дер Линден што безгрижно живеат во гратчето Харлем, во непосредна близина на Амстердам, а за разлика од другите романи на Алимпиќ кои најчесто се во некое друго време, дејството во „Некој друг живот“ се одвива во денешно време.

Ова е приказна за две сестри близначки, кои иако се на изглед идентични се мошне различни во поглед на карактерот.

Заплетот настанува заради тајната што нивниот татко ја крие, и којашто може да ја загрози семејната среќа.

Човечката злоба, страсната желба за одмазда и заверата против семејството во целост ќе го променат животот на двете сестри, а една од нив ќе загуби сѐ...

3-predlog-knigi-od-jelena-bachikj-alimpikj-nameneti-za-silni-heroini-shto-ne-potkleknuvaat-pred-predizvicite-03.jpg

Не сум виновна

Жанровски сосема поинаква од другите нејзини книги, „Не сум виновна“ е психолошки трилер што нема да ве остави на мир додека не го прочитате во целост.

Ова е роман за две жени што се наоѓаат пред големи предизвици во животот, но кои нема да се предадат благодарение на храброста, истрајноста и борбата. Жени што на потешкиот начин сфаќаат дека животот е дар што не може лесно да се отфрли, да се подари, ниту пак да се сокрие.

Приказната се врзува околу докторката Хани Рајс која добива наредба од ФБИ да направи психолошка проценка на една од најпознатите затворенички во државата Сара Портер.

За време на својата истрага докторката Хани, правејќи процена на Сара ќе осознае голем број вистини и за себеси.

Опасноста во која двете сосема различни жени ќе се најдат, ќе направи тие на необичен начин да се зближат и да станат сојузнички што заедно ќе треба да се борат за да се заштитат себеси и заеднички да одговорат на предизвиците.

3-predlog-knigi-od-jelena-bachikj-alimpikj-nameneti-za-silni-heroini-shto-ne-potkleknuvaat-pred-predizvicite-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg