3 секси романи на македонски јазик наменети за љубителите на „50 нијанси сивo“

Ако сте од оние читатели што сакаат да прочитаат добар еротски роман што ќе им ги разбуди сетилата, пред вас се два наслови од странски автори преведени на македонски јазик, но и еден роман напишан од македонска авторка.

3-seksi-romani-na-makedonski-jazik-nameneti-za-ljubitelite-na-50-nijansi-siva-01.jpg

По „50 нијанси сива“, се чини дека во светот, сѐ попопуларни станаа еротските романи, што вклучуваат голем број секси сцени, но и интересен заплет, што буквално ве вовлекува во себеси.

Голем број од светски познатите еротски романи веќе се преведени и се објавени на македонски јазик, а во овој контекст одвојуваме два такви наслови, но и еден роман напишан од македонска авторка.

Доколку сте од оние на кои им се допадна „темната“  страна на „50 нијанси сиво“, тогаш сигурно ќе ви се допадне и книгата „Овој човек“ на Џоди Елен Малпас,

Овој човек – Џоди Елен Малпас

Еротска романса во три продолженија, која ги следи доживувањата на младата дизајнерка на ентериер Ава и Џеси Вард, сопственик на „Клуб за возрасни“.

Приказна за човекот што сака да направи сѐ за да ја освои девојката која ја сака, за љубовта и страста, но и за лузните на душата предизвикани од минатото.

Од првите страници, па сѐ до крајот, оваа книга создава зависност и нема да ви дозволи да земете здив сѐ додека не ја прочитате во целост.

3-seksi-romani-na-makedonski-jazik-nameneti-za-ljubitelite-na-50-nijansi-siva-02.jpg

Егоманијак – Вај Киленд

Книгите на Вај Киленд освен што изобилуваат со секси сцени, речиси секогаш имаат и комични моменти.

Целата приказна започнува во еден таков комичен момент кога младата психијатарка Емери го запознава адвокатот Дру за кого верува дека „провалил“ во нејзината нова канцеларија.

Од целата ситуација произлегува дека Емери е жртва на измама, а Дру е вистинскиот сопственик на канцелариите кој бил на одмор додека просторијата се реновира, но ќе се сожали на младата психијатарка и ќе ѝ дозволи да го користи просторот под услов да му помага како секретарка.

Така, во една иста канцеларија заедно треба да работат психологот чија задача е да спаси бракови и адвокатот за разводи кој веќе не верува во љубов.

3-seksi-romani-na-makedonski-jazik-nameneti-za-ljubitelite-na-50-nijansi-siva-03.jpg

Совршен допир – Ана Антовска

Марија е силна и независна архитектка, успешна и истакната во својата област. Кога почнува со работа во нова компанија, таа веднаш му го привлекува вниманието на најимпресивниот маж кој некогаш го сретнала.

Темнокосиот Александар плени со своите сини очи и лесната, секси насмевка; очигледно е дека многу жени паѓаат на неговиот шарм, но Марија има штит од изградени ѕидини околу себе, кој ѝ помага да одолее на искушението.

Не само што не сака да се плетка со колеги, туку и знае дека тој не е слободен маж, па јасно поставува граница. Но, разумот е едно, а неверојатната конекција и неодолива привлечност помеѓу нив нешто сосема друго…  

3-seksi-romani-na-makedonski-jazik-nameneti-za-ljubitelite-na-50-nijansi-siva-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Три книги совршени за читање во дождливите есенски денови Деца се главни ликови во книгите кои би можеле да ги прочитате месецов. А темите...
Младата писателка Драгана Рајкова ја издаде својата 3-та книга – „Јети во сон“ Драгана има само 12 години, а досега има веќе објавено 3 книги - две стихозбирки...

Најчитани неделава