Подаруваме книги: Срцето нека ти знае само за убави мисли

nadareni-merilin-kej-povekjeНашиот избор на книги за оваа недела - НАДАРЕНИ - Мерилин Кеј. Станува збор за серијал од 6 извонредно популарни книги. Еве ја нивната куса содржина:




dalu-od-oci-daleku-od-srce

Далеку од очи, далеку од срце
13-годишната Аманда Бисон е Злобната кралица во Медоубрук. Ако не си другарка на Аманда, ти си никој и ништо - таа го има последниот збор. Но едно утро, додека убавата и популарна Аманда се огледуваше во огледалото, друго лице и` го возврати погледот. Кралицата доживува чудно искуство во нечие друго тело...

podobro-nekogas-otkolku-nikogas

Подобро некогаш, отколку никогаш
Жилавата тинејџерка Џена Кели потајно сонува за нормален живот со нормални родители. Кога мајка и` ја праќаат на рехабилитација, Џена се изненадува од ненадејното појавување на нејзиниот татко. Иако таа може да чита сечии мисли, татко и` и` е целосна мистерија. Дури да трепне, мистериозната Џена запаѓа во неволја, а не е ниту свесна за тоа...

denes-me-ima-utre-ke-me-nema

Денес ме има, утре ќе ме нема
Визиите на Емили за иднината не се секогаш кристално јасни. Таа не ги предвидува секогаш точно нештата, така што кога ќе добие визија дека нејзиниот соученик Картер ќе исчезне, никој нема да забележи. Но потоа и други ученици ќе почнат да исчезнуваат, а Емили е следна на листата. И кога ја гледаш иднината, тоа не може да ти помогне кога опасноста е сега и тука!

prviot-pobeduva

Првиот победува
Мртвите не се пријатно друштво - тоа е нешто што згодниот и атлетски граден Кен Престон го дознава на потешкиот начин кога почнува да слуша гласови. За кратко време, тој заглавува во љубовен триаголник со девојката на неговиот најдобар другар кој е починат. Но, тоа е неговиот најмал проблем, бидејќи некој веќе има скроено планови за него - планови кои немаат среќен крај. Кен поседува тајна. Тој е надарен. И не е единствениот...

tuka-sum-no-ne-me-gledas

Тука сум, но не ме гледаш
Трејси Девон беше толку многу навикната да се чувствува невидлива што еден ден таа едноставно... исчезна. Таа се` уште може да станува невидлива, но почнува да сфаќа дека нејзината дарба има предности. И сега кога учениците од класот на Надарените се во опасност, од Трејси се очекува да дознае кој ја изневерува нивната доверба.

srceto-neka-ti-znae-samo-za-ubavi-misli

Срцето нека ти знае само за убави мисли
Сите во класот на надарени ученици си имаат своја тајна, но Карте Стрит е најмистериозниот ученик. Постојано молчи и никој не знае кој е всушност тој, или од каде дошол – знаат само дека е посебен, исто како нив. Но нешто се случува позади погледот на Картер, нешто опасно...

Во соработка со издавачката куќа „Просветно Дело“ еднаш во неделата наградуваме по еден од вас.

Која е вашата задача?

Испратете ни го вашиот предлог со книга која би ја препорачале на нашите читатели со краток опис зошто на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Добитникот на книгата Срцето нека ти знае само за убави мисли ќе биде објавен во Петок 30.09.2011.

Добитник на книгата „Срцето нека ти знае само за убави мисли“ од Мерилин Кеј е Маре Расковиќ.

Во продолжение е нејзиниот предлог за книга:

Ги имам 5те делови од НАДАРЕНИ, и ми фали само уште последниот, тој што го подарувате во петок. Па, еве јас како го предложувам третиот дел на сите, т.е. јас на еден акаунт на еден блог напишав како вовед во тој дел:

НАДАРЕНИ - Серија на книги низ кои страници фантастичната и неповторливата Мерилин Кеј ги опишува деловите од животот на тинејџерите со посебни дарби, посебни способности со кои се одвојуваат од останатите.

„Првиот победува“ е четвртата книга од Надарени.

Кен Престон. Згоден, висок, шармантен, атлетски граден, популарен - особено кај мртвите.

Почетокот на новата учебна година. Кен повторно се сретнува со сите негови пријатели. И со Џек Фарел - неговиот најдобар пријател. Оваа година беше финалето на фудбалскиот натпревар. Кен беше капитен на неговата екипа, вежбаа напорно пред полуфиналниот натпревар.

Но, на последниот тренинг пред натпреварот се случи несреќа. Кен силно се удри во неговиот пријател Џек. Следниот ден (или пак тој мислеше дека е еден ден), Кен се разбуди во болница. Бил во кома цели четири денаИмаше тежок потрес, скршени ребра и скината тетива не левиот зглоб. Тоа значи дека Кен нема да присуствува на полуфиналниот и финалниот натпревар. Но, чекај! Тој се удри во Џек, беше несреќа.Каде е Џек?! Џек немаше среќа. Џек е мртов. Најдобриот пријател на Кен не преживеа.

Кен беше надарен. Можеше да слуша гласови од мртвите. Во тој момент, Кен го слушна гласот на Џек. Да, тоа беше тој! Џек Фарел, неговиот најдобар пријател! Кен почнува да зборува со него и дознава дека не е тој виновен што Џек е мртов, било несреќа. Но, мртвите не се пријатно друштво - тоа го дознава Кен кога почнува да слуша гласови.

За кратко време, Кен Престон заглавува во љубовен триаголник, со Луси (девојката на неговиот најдобар пријател кој е мртов). И тоа е најмал проблем. Бидејќи... некој веќе има скроени планови за Кен! Но, тие планови, немаат среќен крај.

Во што заглавува Кен? Дали треба да биде среќен што може да зборува со неговиот мртов пријател, или пак, да сфати дека тоа е неговата најголема грешка? Кој и какви планови има скроени за Кен? Дали сепак тие планови немаат среќен крај? Ќе дознаете ако го прочитате и овој дел од „Надарени“.

Книга која ќе ве задржи будни цела ноќ. Книга која ќе ви одземе сонот. Лесно читлива и верувајте дека нема да ја оставите сè додека не ја прочитате последната страница. Сепак, зборуваме за Мерилин Кеј, нели? Кога таа нèразочарала?

Би можело да ве интересира:

3 трилери од македонски автори (заради кои ќе грицкате нокти до самиот крај) Ви претставуваме три возбудливи трилери од македонски автори за кои се зборува и...
Три морничави трилери чиј крај ќе сакате што побрзо да го дознаете Ако сте љубител на трилери и приказни со неизвесен крај, овој пат ви препорачува...
3 мистериозни романи кои ќе ги прочитате во еден здив Три романи за сечиј вкус, а во центарот на вниманието на трите мистериозни прика...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 книги за самопомош што вреди да ги прочитате Ако имате анксиозност, негативни мисли кои не можете да ги контролирате, чувству...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg