3 божиќни романи за сите што сакаат доза романтика

„Не мораш да работиш за празниците, доколку ме придружуваш и се преправаш дека си ми девојка пред моето семејство“. Ова е предлогот што шефот ѝ го дава на својата асистентка во книгата „Божиќ со мојот шеф“. Ви нудиме три предлог книги со божиќна тематика.

za-site-shto-sakaat-doza-romantika-3-predlog-knigi-so-bozhikjna-tematika-01.jpg

Три сестри кои одлучуваат да го поминат Божиќ во Шкотска за да ја исполнат желбата на нивната мајка семејството да се собере на купче, една асистентка која е приморана да го следи својот шеф во домот на неговото семејство за Божиќ и една девојка што сосема случајно ќе ја „прегази“ својата вистинска љубов со велосипед...

Tри приказни за сите оние што сакаат да уживаат во доза романтика:

„Божиќ во Шкотска“ - Сара Морган  

Преку приказната за Сузан и нејзините три посвоени ќерки ќе имате можност да побегнете во височините на Шкотска, каде семејството се обединува за празниците.

Иако се сестри, Бет, Хана и Поузи се многу различни, а односите меѓу нив се толку влошени што тие воопшто и не сакаат да разговараат.

Хана е зависничка од работа, која е свесна дека не може две години по ред да го избегнува празнувањето со семејството, Бет е домаќинка и мајка на две деца, која размислува за тоа дали е подготвена да се врати на работа.

Поузи, пак, не е сигурна дека ужива во животот, но страв ѝ е да ризикува и да си замине од малото селце Гленси, каде нема приватен живот, но свесна е дека не може да ги остави родителите сами, а ситуацијата дополнително се комплицира со доаѓањето на новиот згоден сосед Лук.

Дали ќе се исполнат очекувањата на Сузан дека семејството конечно ќе се обедини или пак секоја од сестрите ќе замине по својот пат без да погледне назад?

za-site-shto-sakaat-doza-romantika-3-predlog-knigi-so-bozhikjna-tematika-02.jpg

„Подарок за сеќавање“ - Мелиса Хил

Дарси Арчер работи во мала книжарница на Менхетн и се чувствува задоволно и исполнето во својот свет на книгите сѐ додека еден ден, возејќи со велосипед на работа, не удри еден господин кој го шета своето куче.

Дарси чувствува грижа на совест и го зема кучето со себе во надеж дека ќе му го врати на сопственикот кој е пренесен во болница и кој не може да се сети на својот живот пред несреќата.

Исполнета со хумор, доза мистерија и романса „Подарок за сеќавање“ е една од книгите што ќе успее со сигурност да ви го задржи вниманието.

za-site-shto-sakaat-doza-romantika-3-predlog-knigi-so-bozhikjna-tematika-04.jpg

„Божиќ со мојот шеф“ - Кајли Ролинг

Деклан е адвокат со „ледено“ срце кој нема намера да ги слави божиќните празници, а и наметнува и на својата асистентка Меди да нема слободни денови туку да остане и да работи со него во канцеларијата.

Но, откако неговата мајка ќе го стави во незгодна ситуација да најде изговор зошто не сака да дојде дома за празниците, Деклан избрзува и вели дека има девојка, која се вика Меди, а мајка му му нуди решение за проблемот – нека ја донесе и девојката со него.

Дали Меди и Деклан ќе одолеат на привлечноста што ја чувствуваат еден кон друг додека се заедно на патување или пак чувствата ќе надвладеат?

Овој роман ќе им се допадне на сите што сакаат лесна романса со доминантни и самоуверени женски ликови кои не сакаат лесно да подлегнат на барањата на партнерот.

Исполнета со хумористични дијалози и комични ситуации, приказната за Деклан и Меди брзо ќе ви стане меѓу омилените.

za-site-shto-sakaat-doza-romantika-3-predlog-knigi-so-bozhikjna-tematika-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Анита од Берово е криминалист со страст за читање - Има 300 книги, кои пет ѝ се омилени? „Јас сум од генерацијата што немаше телефони, па љубов кон книгите е од почетоко...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...

Најчитани неделава