Слушнете ја новата песна на гостиварскиот бенд Soundcheck - „Доцна е за сè“ (видео)

Гостиварскиот поп-рок бенд Soundcheck на 10 Април, 2023 ја објави новата авторска песна. Промоцијата на „Доцна е за сè“ започна со објавување на видеоспотот на нивниот канал на Јутјуб.

slushnete-ja-novata-pesna-na-gostivarskiot-bend-soundcheck-docna-e-za-se-video-01.jpg

Новата песна на Soundcheck „Доцна е за сè“ е авторско дело на членовите на бендот, аранжманот на Дамир Пух кој освен во улогата на продуцент, работеше на миксот и мастерингот. Процесот на снимање се одвиваше во скопското GreenRoom Sound Studio.

slushnete-ja-novata-pesna-na-gostivarskiot-bend-soundcheck-docna-e-za-se-video-02.jpg

За изработка на видеото се задолжени: Александар Нешкоски-камера, Виган Демири-асистент на камера и монтажа, режисер е Ајдин Ислами, а главната улога во спотот ѝ е доверена нa Ивана Мерџаноска, актерка од Театар Дунек-Гостивар.

slushnete-ja-novata-pesna-na-gostivarskiot-bend-soundcheck-docna-e-za-se-video-03.jpg

Честитки за сработеното до екипата Ѕoundcheck - Давор Карафилоски-вокал, Драгутин и Војкан Јаковлевски-гитари и Марко Стамески-удирачки инструменти.

Би можело да ве интересира:

"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg