Јана Бурческа ја промовираше песната „Home Alone“

Шест години по учеството на Евровизија, Јана Бурческа ја изненади јавноста со нова песна – темата „Home alone”.

jana-burcheska-ja-promovirashe-pesnata-home-alone-01.jpg

Како автори на музиката се потпишуваат Драги Иванов и пејачката, која исто така го напиша текстот за песната. Звукот на „Home alone” е финиширан со мастеринг од германскиот платинест инженер на звук Рој Реклиз.

Песната доби и видео спот режиран и реализиран од Ѓорги Вацев и како што вели Бурческа „збир на млади ентузијасти и креативци” како дизајнерот Митко Занов, мејкап артистката Ивана Деловска, стилистот Елена Николовска – Social Hair Salon, фотографите Лазар Зафировски и Петар Петковски, а свој автентичен придонес во креативата имаа и Елена Василева, Ангела Димитрова и Димитар Бабков.

jana-burcheska-ja-promovirashe-pesnata-home-alone-03.jpg

Видео спотот за „Home Alone” беше промовиран во највпечатливиот простор наменет за аудиофилите во Скопје и земјата – Аудиокултура.

jana-burcheska-ja-promovirashe-pesnata-home-alone-04.jpg

Движечка сила зад проектот е реномираната компанија Gulf Macedonia, како Smart Living и KARE Macedonia кои дадоа исклучително значајна поддршка во контекст на сценографијата за видеото.

jana-burcheska-ja-promovirashe-pesnata-home-alone-02.jpg

Бурческа вели дека конечно се чувствува подготвено да и се врати на музиката, а до следниот проект останува посветена на поддршка и промоција на своите колеги од сцената преку програмата на Македонската Телевизија.

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...

Најчитани неделава