Слушнете ја новата француско-македонска песна на MIYATTA и Фолтин – „Ме боли“

„Ме боли“ е насловот на новата песна на MIYATTA направена во соработка со групата Фолтин.

slushnete-ja-novata-francusko-makedonska-pesna-na-miyatta-i-foltin-me-boli-01.jpg

Станува збор за француско-македонска шансона чиј автор е MIYATTA, со аранжман на Фолтин, снимена во студиото Алшар во Скопје.

slushnete-ja-novata-francusko-makedonska-pesna-na-miyatta-i-foltin-me-boli-03.jpg

„Пресреќна сум што постојат врвни уметници како што се Фолтин, кои веднаш го разбраа музичкиот филм кој го посакував, и создадоа автентична атмосфера поради која оваа песна ќе се смести на листата на препознаени шансони од целиот свет.

Песната ќе има и целосна француска верзија со наслов „C’est joli“ а која ќе биде премиерно изведена на TV5 Monde.

Видеозаписот се случи во соработка со Универзитетот Европа Прима, каде магистранд е актерката Јелена Мијатовиќ, мојата сестра, која направи трансформација за потребите на изведбата, додека Бојан Секулоски, професор на истиот универзитет, ги изработи снимањето, фотографијата, колор корекцијата и монтажата“, открива MIYATTA.

slushnete-ja-novata-francusko-makedonska-pesna-na-miyatta-i-foltin-me-boli-02.jpg

Слушнете ја песната во продолжение:

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...

Најчитани неделава