Војаж со него ја започна големата кариера: Нашиот Јосиф се враќа на голема врата!

(24.07.2023) Македонската сцена постојано е „гладна“ за нови имиња кои ќе го освежат домашниот музички етер. Младиот Јосиф е име за кое можеби досега не сте слушнале, но со сигурност ќе успее да го задржи вашето внимание.

vojaz-so-nego-ja-zapocna-golemata-kariera-nasiot-josif-se-vraka-na-golema-vrata-01.png

Малкумина знаат дека Јосиф е артистот со кој Војаж ја започна својата голема музичка кариера - заедно ја отпеаја песната „VYBE“.

vojaz-so-nego-ja-zapocna-golemata-kariera-nasiot-josif-se-vraka-na-golema-vrata-05.png

По речиси 3-годишна пауза, Јосиф се враќа со своја, авторска музика, најавувајќи ја првата песна од албумот „TOKYO“.

„Fashion Week“ е неговото најново музичко парче, чија музика е направена од самиот Јосиф. Текстот го напишал заедно со Андреј Илиевски, а за аранжманот, миксот и мастерот се заслужни Лазар Цветковски и Claro Beats. Песната е комплетирана со видео-спот, кој е направен под режиската палка на Томислав Живковиќ и во кој буквално е пресликан насловот „Fashion Week“.

vojaz-so-nego-ja-zapocna-golemata-kariera-nasiot-josif-se-vraka-na-golema-vrata-04.png

„Ова е само почеток, не планирам тука да запрам“, открива Јосиф.

vojaz-so-nego-ja-zapocna-golemata-kariera-nasiot-josif-se-vraka-na-golema-vrata-03.png

Слушнете ја „Fashion Week“ и доколку ви се допаѓа, споделете ја со вашите најблиски.

Би можело да ве интересира:

Зуица Лазова: Нашиот фолклор е наша лична карта и идентитет! Колку векови во темнина си била, колку темни сказни знаеш, земјо мила, колку стр...
„Наше време“ – Харизма Бенд со нова песна „Наше време“ е името на новата песна на Харизма Бенд, за која е снимен и видеосп...
25 години по победата на „Макфест“, Јован Јованов со Пајак сними нова верзија на хитот „Магија“ Откако Јован Јованов и групата „Магија“ победија на Макфест 1998 со истоимената ...
Ај Кју со нова песна и спот снимен во Лондон - Слушнете ја „До тебе“ Бојан и Марија од Ај Кју по успешната преработка на „Молитва“ ни ја претставуваа...
Марија Спасовска: „Ој, Вардаре македонски“ е моја омилена песна, зашто сум најголем фан на ВАРДАР! „Ој, Вардаре македонски“ е една од оние песни кои будат емоција у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg