Промоција за нова песна и видео спот на Дарко Андонов ДААН – “Со кого заспиваш”

Јас сум Дарко Андонов a.k.a. ДААН, псевдоним кој  го користам како уметничко име од моето враќање на музичката сцена во 2022 година, како што знам често да кажам мојот нов музички почеток, а истовремено и назив на моето музичко студио DAAN MUSIC PRODUCTION (https://www.daan-music.com/ ), во кое работам и творам како артист, композитор, текстописец, аранжер и сертифициран Cubase продуцент.

promocija-za-nova-pesna-i-video-spot-na-darko-andonov-daan-so-kogo-zaspivash-01.png

Оваа песна ја работевме заедно со мојот соработник и пријател Кире Јакимов, кој воедно е и автор на музиката и текстот, додека аранжманот на песната е мој. Миксинг и мастеринг исто така работеше Кире Јакимов за што сум му многу благодарен, бидејќи ретко кој на овие простори може да извади толку добра продукција, песната сонично звучи стварно одлично. Честопати знам да искоментирам и да го наречам Мастер ? бидејќи стварно финалниот продукт секогаш звучи феноменално.

Интересно за оваа песна е што беше готова уште есента 2022 година, меѓутоа од најразлични причини, проблеми и слично некако се пролонгираше и после неколку претрпени измени и преснимување го доби финалниот звук, што по мое мислење излезе и подобро од првичната верзија.

Во однос на видео записот, целта беше да се долови самата порака од текстот на песната, односно да се отслика приказната во видео кои ќе одговара на целата нумера, за да може крајниот слушател/гледач како аудио така и визуелно да ја почувствува енергијата.

Идејата за видео записот е моја, а го работевме заедно со Дарко Димитриевски кој всушност беше задолжен и за самото снимање и едитирање на видеото и генерално мислам дека ја доловивме приказната во едно симпатично видео. Спотот се снимаше на неколку локации во центарот на Скопје и идејата беше да се опфатат повеќе локации во најразличен период од денот за да може директно да го поврземе со одредени клучни моменти во текстот.

Би сакал да истакнам дека периодот од летотo наваму сме доста активни во издавање на нова Македонска музика. Најпрвин во септември имавме песна на “Охрид Фест 2023” со наслов “Само ти”, потоа на 06ти септември беше издадена “Мојот свет” на која се јавувам како автор и изведувач. Исто така на “МакФест 2023” не претставуваше Јасмин Алиевски со песната “Се смеам и кога врне” за на крај да го заокружиме овој период со оваа најнова песна “Со кого заспиваш” на која исто така се јавувам како артист.

Во однос на периодот кој следи сакам да најавам многу нови проекти и доста работа за нас како автори и продуценти, за што веќе имаме договорено неколку соработки со артисти од државата и надвор, така што очекувајте ги нашите нови дела.

Би сакал да ја искористам оваа прилика и ексклузивно да најавам дека работиме на еден многу интересен и модерен ДУЕТ во моја изведба со девојче кое последниов период е доста актуелно како артист, меѓутоа ќе оставам ова да биде изненадување и нема да откријам за кој се работи.

За крај сакам да им ги честитам претстојните празници на сите ваши гледачи, читатели и слушатели, да им посакам многу среќа, здравје и благосостојба. Се надевам дека празниците ќе ги дочекаме во пријатна атмосфера со повеќе Македонска музика на медиумите и во локалите.

Секој кој е поддржувач на Македонската музика и култура, и сака да придонесе и да помогне музиката која што ја работам да допре до што поголем аудиториум, би замолил да ме заследат на социјалните мрежи, да лајкуваат, шернуваат и коментираат на следните линкови:

ФБ: https://www.facebook.com/daanmusic/

Инстаграм: https://www.instagram.com/daanmusicproduction/

YouTube: //www.youtube.com/@daanmusic-darkoandonov

Со кого заспиваш достапна на сите платформи преку следниот линк: https://song.link/DAANSokogozaspivas

Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
„Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. С...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg