Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“

Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верзија на една од, како што вели, неговите омилени македонски песни „Дејгиди луди млади години“, која веќе е пуштена во етерот.

spotot-na-lambe-alabakovski-za-prerabotkata-na-dejgidi-ludi-mladi-godini-05.jpg

Аранжманот е со потписите на Дарко Димитров и Никола Мицевски, Димитар Андоновски беше задолжен за виолините, додека Нина Јанева ги пее придружните вокали.

Видеото, пак, кое носи една убава и емотивна приказна и е снимено во националниот парк „Галичица“ е со потписот на Зага продукција.

„Песната е една од моите омилени и морам да признаам дека стоеше спакувана во фиока околу 12 години, некако ми требаше време и таа, но и јас да созреам. Ете некако сега мислам дека е вистинското време за да ѝ ја претставам на мојата публика, но и на сите оние кои ја сакаат македонската традиционална песна“, рече Ламбе на денешната промоција во кафулето „Минт“ и откри дека токму со ова песна сакал да ја заврши оваа успешна музичка година, но и да го најави сето она што ќе следува во годината пред нас.

Ламбе_Алабаковски2.jpg

„Веќе се крчка новиот материјал, а мислам дека на крајот на следната година ќе ве поканам сите на еден убав концерт по повод мојот голем јубилеј – 20 години од почетокот на професионалната музичка кариера“, додава Ламбе.

spotot-na-lambe-alabakovski-za-prerabotkata-na-dejgidi-ludi-mladi-godini-03.jpg

Меѓу присутните на промоцијата освен медиумите беа и голем број колеги и пријатели на Ламбе (меѓу кои Александар Тарабунов, Бојана Скендеровски, Николче Мицевски, Марија Спасовска, Мики Црнокрак, Иво Јанковски, Стефан Лазаров, водителот Димитар Атанасовски...) кои не го криеја задоволството од новиот проект, но и фактот дека публиката секогаш знае да го препознае квалитетот и дека кога нешто е добро - трае.

spotot-na-lambe-alabakovski-za-prerabotkata-na-dejgidi-ludi-mladi-godini-01.jpg

Би можело да ве интересира:

Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
Нокаут и Брејк со илјада дилеми за „кризата на средните години“ што го мачат сиот машки свет во „Ден... Во пресрет на нивниот голем славенички солистички концерт во арената Јане Сандан...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Со песната „Легендата“, Тони Зен го најави новиот албум „Уствари ќе излезат два албума на плоча, со две стихозбирки. Едниот албум е од 2...

Најчитани неделава