Бојана Скендеровски ја промовираше новата балада „Лажни светови“

„Лажни светови“ е вистинска емотивна, женска песна, која Бојана ја носи маестрално и го покажува сиот свој музички раскош.

bojana-skenderovski-ja-promovirashe-novata-balada-lazhni-svetovi-01.jpg

„Лажни светови" е насловот на најновата песна на Бојана Скендеровски.

Станува збор за одлична балада во која таа го покажува сиот свој раскош, сета своја емоција - „Лажни светови“ е вистинска емотивна, женска песна, која Бојана ја носи маестрално и го покажува сиот свој музички раскош.

bojana-skenderovski-ja-promovirashe-novata-balada-lazhni-svetovi-04.jpg

Автор на музиката и текстот е Александар Тарабунов – Тара, додека аранжманот е со потписот на Димитар Андоновски.

„Одамна сакав ваква песна, сакав да отпеам нешто што ќе трае. Сакав песна со музика, мелодија и песна што ќе може да биде отсвирена во живо, со инструменти.

Во денешно време на компјутерска музика ни недостасуваат песни со мелодија отсвирени во живо“, рече Бојана и призна дека верува во "Лажни светови" зашто е направена со многу љубов, емоции.

bojana-skenderovski-ja-promovirashe-novata-balada-lazhni-svetovi-06.jpg

За песната е снимено и видео кое е работено под капата на Скендеровски продукција, во кое главната улога инприпаѓа на Бојана, а акцентот е ставен на емоцијата.

Бојана се појавува во неколку интересни креации за кои беше задолжена Ивана Кнез.

bojana-skenderovski-ja-promovirashe-novata-balada-lazhni-svetovi-07.jpg

Тука не завршуваат новитетите кога е во прашање името на Бојана и Скендеровски продукција - имено на 23 март стартува втотиот дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“.

Прв на списокот градови е Свети Николе.

bojana-skenderovski-ja-promovirashe-novata-balada-lazhni-svetovi-08.jpg

Концертот е закажан на 23 март на Тодорова сабота, а стартот на концертот е во 14 часот и истиот ќе се одржи во рамките на прославата која е традиционална во овој град и е по повод овој убав празник.

Значи, убавата македонска песна продолжуваме да ја славиме и оваа година, а пораката останува иста - дојдете заедно да пееме и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.

bojana-skenderovski-ja-promovirashe-novata-balada-lazhni-svetovi-05.jpg

bojana-skenderovski-ja-promovirashe-novata-balada-lazhni-svetovi-03.jpg

bojana-skenderovski-ja-promovirashe-novata-balada-lazhni-svetovi-02.jpg

bojana-skenderovski-ja-promovirashe-novata-balada-lazhni-svetovi-11.jpg

Погледнете го видеото:

фото: Вангел Таруновски

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава