Песна за разделба, нова прекрасна балада на Владо Калембер

Може ли разделба да биде достоинствена, без навреди, обвинувања и лоша мисла? Кога ќе ја слушнете „У љубави смо краљеви и просјаци“, новата песна на Владо Калембер што ја потпишуваат: Григор Копров (музика), Саша Драгиќ (текст), Владимир Дојчиновски (аранжман), ќе останете без здив.

pesna-za-razdelba-nova-prekrasna-balada-na-vlado-kalember-01.jpg

Па и да имавте и најмала љубовна рана, ќе зацелите бидејќи зборовите се моќни, а го опишуваат човекот што донел одлука и со целиот животен багаж и сознание дека љубовта, иако премиса и прапочеток на секој живот, сепак може да престане. 

Драгиќ вели дека се инспирирал од музиката, и веројатно во тоа е тајната на претопувањето на зборовите и музиката.

И не е само тоа моќта на овааа композиција, миленикот на женската публика, Владо, овој пат е во сосема ново светло: фантастично ја донесува емоцијата, искуството и животот направија созреаните чувствата во кои и тој се пронаоѓа, да звучат прекрасно. 

Всушност, оваа авторска тројка, за првпат споена во една песна, го даде новото светло во начинот на пеењето на Калембер. 

Песната ја очекува и спот а наскоро ќе ја чуете и на македонски јазик: Владо е роден во Струмица и многу ја сака нашата земја.

Инаку, Копров веќе има напишано една песна за Калембер - „Добра ноќ заљубени“ за „Макфест 1988“ и одтогаш трае нивното пријателство што еве резултира и во професионална спработка. Песната од денес го почнува својот музички живот, ќе се слушне на просторот на екс- Ју, од Вардар до Триглав, секој на свој начин да потврди дека во љубовта е и питач и крал.

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...

Најчитани неделава