Тамара, Just RB и Никифор направија римејк на „Зови ме Лена“

Оваа римејк верзија на песната е најава за новиот албум на Just RB и Никифор, “African Queen”, а гласот и енергијата на Тамара Тодевска придонесоа да се направи римејк на „Зови ме Лена“, како најава за еден нов музички проект, кој ќе се осврне на африканската музичка култура.

tamara-just-rb-i-nikifor-napravija-rimejk-na-zovi-me-lena-01.jpg

Песната „Зови ме Лена“ доживеа римејк верзија од Тамара Тодевска, Just RB и Никифор.

Имено, оваа песна за прв пат беше изведена на последниот избор за песна на Евровизија на Србија 2024 („Беовизија“), во изведба на Лена Ковачевиќ. Автор на музиката на песната е Дарко Димитров, кој заедно со Роберт Билбилов (Just RB) и Лазар Цветкоски работеа на оригиналната верзија.

Денеска „Зови ме Лена“ доживеа нова, римејк верзија, која го најавува албумот “African Queen”, кој е во процес на подготовка од Just RB и Никифор.

Тамара Тодевска како еден од најдобрите женски вокали, со својата енергија и сензибилитет даде нова вредност на песната. Публиката има можност да слушне музика која е во духот на африканските звуци и култура. Во период на жешко и топло лето, „Зови ме Лена“, дополнително ќе Ве релаксира и ќе Ве потсети на едни поинакви клубски и радиски звуци – многу внимателно селектирани и креирани:

„Среќна сум што на овој римејк работев заедно со моите добри пријатели и соработници: Роберт Билбилов и Никифор, но секако и со Дарко Димитров и Лазар Цветкоски кои се дел од целиот проект. Работата во студио се одвиваше брзо, во една убава атмосфера и динамика, баш како што е и самата песна односно оваа римејк верзија“, посочува Тамара.

Во заедничка изјава, Just RB и Никифор го изразија своето задоволство од соработката со Тамара Тодевска и посочија дека интензивно работат на својот нов албум “African Queen”:

„Работиме на еден уникатен музички проект, кој ќе биде еден вид на „патување“ низ африканската музичка култура, микс на традиционалното и модерното во еден неверојатен звук. „Зови ме Лена“ го најавува нашиот албум, кој веруваме дека ќе и се допадне на домашната публика“, посочуваат двајцата артисти.

Изведувачката на оригиналната верзија на песната, Лена Ковачевиќ, исто така ја поздрави оваа соработка и се радува што овој римејк ќе придонесе дополнително да „живее“ оваа песна, да освојува нови генерации и простори.

Би можело да ве интересира:

Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Тамара Волческа конечно го покажа момчето?! Тамара Волческа во последно време сè почесто е во центарот на вниманието на јавн...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...

Најчитани неделава