Песната „Тие очи“ на Ивона Јо ја претставува Македонија на онлајн евровизиски натпревар

Овој забавен натпревар се организира секој месец преку Инстаграм, а месецов Ивона ја има честа да биде македонски претставник. 

pesnata-tie-ochi-na-ivona-jo-ja-pretstavuva-makedonija-na-onlajn-evroviziski-natprevar-01.jpg

Новата песна на Ивона Јо, „Тие очи“ се најде меѓу 11-те песни од месец август 2024 кои ќе се натпреваруваат за онлајн евровизиски хит и ќе ја претставува Македонија.

Песната е номинирана заедно со уште 10 песни од Кипар, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и други, а ја организира Инстаграм профилот The Song Online Contest.

Овој забавен натпревар се организира секој месец, а овој пат Ивона ја има честа да биде македонски претставник.

„Тие очи“ е модерна поп-песна, за која спотот го режираше Мартин Трајановски, а е снимен во Охрид.

Текстот е на Тамара Волческа, музиката на Zox, Димитар и Јордан Манов, а аранжманот на Јордан Манов.  

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...

Најчитани неделава