Тамара Тодевска има нов хит: „Песната ме потсетува на времето кога нашата поп-музика беше на завидно ниво“

„Морам да бидам искрена и да кажам дека „Никој како ти“ ми има и ретро момент и малку ме потсетува на времето кога поп музиката во Македонија навистина беше на едно завидно ниво“, вели Тамара за новата песна.

tamara-todevska-ima-nov-hit-pesnata-me-potsetuva-na-vremeto-koga-nashata-pop-muzika-beshe-na-zavidno-nivo-01.jpg

„Никој како ти“ е новата песна на Тамара Тодевска и Коста Каџикојчев. Станува збор за нова поп-песна, чиј автор на текстот, музика и аранжманот е Коста.

Видео спотот се снимаше на неколку локации во Скопје, во централното градско подрачје, а е во режија на Billy D.

Во видео записот доминираат двајцата артисти, кои ја раскажуваат приказната на „Никој како ти“.

tamara-todevska-ima-nov-hit-pesnata-me-potsetuva-na-vremeto-koga-nashata-pop-muzika-beshe-na-zavidno-nivo-03.jpg

„Песната ја работевме во текот на летото, во студиото на Коста и уште на прва ми се допадна.

Морам да бидам искрена и да кажам дека „Никој како ти“ ми има и ретро момент и малку ме потсетува на времето кога поп музиката во Македонија навистина беше на едно завидно ниво. Спотот го снимавме во една вечер, во Скопје.

За време на снимањето навистина беше динамично, по малку ладно, но како екипа задоволни сме од крајниот резултат“, посочува Тамара.

tamara-todevska-ima-nov-hit-pesnata-me-potsetuva-na-vremeto-koga-nashata-pop-muzika-beshe-na-zavidno-nivo-02.jpg

Коста со голема возбуда и радост говори за овој музички проект, кој е еден од неговите најголеми достигнувања во кариерата.

„Пресреќен бев кога артист од рангот на Тамара прифати да ја снимаме оваа песна.

А, во врска со спотот... тоа е друга приказна. Уште во текот на сетот на сите им зборував дека имам и трема, и среќа и неверување дека снимам со Тамара Тодевска.

Но, сите тие измешани емоции и чувства мислам дека уште повеќе придонесоа кон квалитетот на видео записот“, исктакна Коста.

„Никој како ти“ од денеска е достапна и на сите музички платформи.

Погледнете го видеото:

;

Би можело да ве интересира:

Тамара Волческа конечно го покажа момчето?! Тамара Волческа во последно време сè почесто е во центарот на вниманието на јавн...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“ Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со ...

Најчитани неделава