Марија Данева ги промовираше првата песна и спот (видео)

Атрактивната пејачка Марија Данева која публиката ја препознава по моќниот вокал и фантастичните ноќни забави заедно со Stand by Band, одлучија на македонската јавност да ѝ го подарат своето првенче, вчера ја промовираа песната „Љубов“.

marija-daneva-gi-promovirashe-prvata-pesna-i-spot-video-01.jpg

„Љубов“ е авторско дело на Сашо Стојановски (свири на тапани во бендот)  во делот на музиката и текстот додека аранжманот е на Бобан Василевски.

Песната си доби свој видео запис кој беше снимен на повеќе локации во Скопје.

marija-daneva-gi-promovirashe-prvata-pesna-i-spot-video-02.jpg

„Создадовме песна и спот со многу љубов, самата енергија додека ја снимавме песната, позитивната атмосфера за време на снимањето на спотот, синергијата помеѓу сите нас се еден одличен показател кој говори дека сме направиле вистински избор на песна како наше првенче“ – изјави Марија Данева на промоцијата и најави поголема активност со својот бенд на  македонската музичка сцена.

marija-daneva-gi-promovirashe-prvata-pesna-i-spot-video-03.jpg

Песната си доби свој видео запис кој беше снимен на повеќе локации во Скопје.

Се работи за моќна динамична песна во поп рок стил, со рефрен кој освојува. 

Погледнете во спотот:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...

Најчитани неделава