„Пијана“ - песната со која Дани Димитровска се врати на Макфест

„Пијана“ е новата песна на нашата поп рок дива, Дани Димитровска која по неколку години повторно застана на сцената на Макфест и му подари на 39-то издание на овој фестивал уште еден хит.

pijana-pesnata-so-koja-dani-dimitrovska-se-vrati-na-makfest-01.JPG

 „Пијана“ вибрира љубовно - пијанство од љубов и среќа е најубавиот поздрав кој може да го посакаме некому“. Музиката и текстот се на Весна Малинова, а за аранжманот стои Јордан Манов.

„...немам време да мразам на луѓе да газам нека е добро утро секој ден, за да ни тргне денот со посвета на себе“, порачува Дани во својот најнов сингл.

pijana-pesnata-so-koja-dani-dimitrovska-se-vrati-na-makfest-03.JPG

Дани ја промовираше „Пијана“ на Макфест во највпечатлив сценски костим и ги подигна стандардите на сценскиот израз, а видео записот на оваа песна беше објавен во неделата, ден по фестивалскиот настап. Спотот е во целосна продукција на 2by4, во режија и монтажа на Ени Вучидолова.

„Видеото за „Пијана“ е најприродниот однос досега прикажан. Реалните сопнувања, паѓања и будалаштини се задржани и прикажани во видеото како потсетник на тоа дека сме живи луѓе, создадени за слобода, за емотивна размена, соединување. 2by4 продукција го обои и соедини ова парче вистина кое, сигурна сум, ќе ви украде насмевка“, изјавува Дани.

pijana-pesnata-so-koja-dani-dimitrovska-se-vrati-na-makfest-02.JPG

Обожователите на Дани Димитровска имаат можност да ја слушнат „Пијана“ на сите музички стриминг платформи, а на YouTube да го погледнат видео записот.Наскоро ќе слушнеме уште една нова песна од Дани, за која таа вели дека е најразлична од сѐ досега што снимила, но се надева дека ќе и се допадне на публиката затоа што има важна порака да пренесе.

Би можело да ве интересира:

Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...

Најчитани неделава