Бети од „Идол“ со нова песна после повеќе од една деценија - слушнете ја „Сама“

Пејачката Елизабета Јовановска, која на јавноста ѝ е попозната под уметничкото име Betty Lynn, вчеравечер ја промовираше својата најнова песна „САМА“.

beti-od-idol-so-nova-pesna-posle-povekje-od-edna-decenija-slushnete-ja-sama-01.jpg

Оваа песна испраќа силна порака на моќен и искусен вокал, кој ненаметливо се пробива на музичката сцена.

За текстот, музиката, па дури и спотот заслужен е пејачот Виктор Апостоловски, долгогодишен пријател и колега на Бети.

beti-od-idol-so-nova-pesna-posle-povekje-od-edna-decenija-slushnete-ja-sama-04.jpg

На прашањето што ја инспирирало за ваков текст, вели:

„Инспирација беше моменталната состојба во која што се наоѓав тој период. Буквално бев заглавена во еден токсичен круг, во кој немаше промени.

Песната е всушност едно ослободување за мене, а верувам и за сите оние оние што одлучиле да продолжат сами - не затоа што не можеле да бидат со некого, туку затоа што го одбрале сопствениот мир и напредок, наместо да следат туѓи патеки по цена на сопствена жртва“.

beti-od-idol-so-nova-pesna-posle-povekje-od-edna-decenija-slushnete-ja-sama-03.jpg

Спотот е снимен на локации во прекрасното Маврово, место каде Бети го поминала своето детство.

Инаку, пошироката јавност ја памети Бети од времето кога се појави на музичкото шоу Македонски Идол, а „Сама“ ѝ е четврта песна досега.

beti-od-idol-so-nova-pesna-posle-povekje-od-edna-decenija-slushnete-ja-sama-02.jpg

Признава дека за следните музички остварувања нема да чека да помине уште една деценија.

Слушнете парче од нејзината душа и споделете доколку ви се допаѓа. Да слушаме македонска музика и да поддржуваме македонски артисти.

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...

Најчитани неделава