Макфестовската „Бура“ на Димитар Андоновски доби видео запис

„Оваа песна е одраз на внатрешните битки кои сите ги доживуваме. „Бура“ ја доловува силата на емоциите и внатрешните турбуленции кои сите ги чувствуваме во одредени моменти - изјавува Димитар Андоновски.

makfestovskata-bura-na-dimitar-andonovski-dobi-video-zapis-01.jpg

Македонскиот пејач, композитор и продуцент Димитар Андоновски го претставува спотот за својата песна „Бура“, која првпат беше изведена на овогодинешниот Макфест.

Денес, песната ја доживува својата долгоочекувана видео премиера, која ќе биде објавена на неговиот официјален YouTube канал.

makfestovskata-bura-na-dimitar-andonovski-dobi-video-zapis-04.jpg

„Бура“ е песна што го отсликува внатрешниот свет на емоции, борби и турбуленции, инспирирани од лични искуства.

Комплетното авторство - музиката, текстот, аранжманот и продукцијата - е дело на самиот Димитар, кој со оваа песна уште еднаш ја докажува својата уметничка автентичност.

„Оваа песна е одраз на внатрешните битки кои сите ги доживуваме.

„Бура“ ја доловува силата на емоциите и внатрешните турбуленции кои сите ги чувствуваме во одредени моменти - изјавува Димитар.

makfestovskata-bura-na-dimitar-andonovski-dobi-video-zapis-02.jpg

Спотот е реализиран со поддршка на продукциската куќа 77 Ентертејнмент, во режија на Владислав Гавриловски, со модерен визуелен пристап и впечатлива естетика.

Моделот Матеја Христовска внесе суптилна емоционалност во приказната, додека стајлингот на Андреј Папаз ја истакна уникатноста на проектот.

makfestovskata-bura-na-dimitar-andonovski-dobi-video-zapis-03.jpg

Песната „Бура“ е достапна на сите дигитални платформи, овозможувајќи ѝ на публиката да ужива во ова музичко дело.

Видео записот е уште еден значаен чекор во музичката кариера на Димитар Андоновски.

Погледнете го спотот за „Бура“:

;

Би можело да ве интересира:

Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Антониа Гиговска призна дека е „Специјалиста” за кршење на машки срца: Слушнете ја нејзината нова пе... Обично кога е лето и време за одмори, на нашата музичка сцена многу ретко или ре...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Легато бенд со нова емотивна балада - „Со тебе засекогаш“ веќе станува химна на вљубените  Љубовта, искрените емоции и животните ветувања добија своја музичка приказна во ...
Младите Дорис Ди и Наум Бумбаровски со награда на „Охрид фест“ Годинава на Охрид фест со дуетската песна Ден и ноќ заедно, Дорис Ди и Наум...

Најчитани неделава