„Пекол и рај“ е новата љубовна песна од Огнен Здравковски

„Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија. Слушнете ја песната, гледајте го спотот, почувствувајте ја приказната и дозволете да ве освои. Вашите мислења и коментари ми се најбитни и ме инспирираат за песните што следуваат. Погледнете, слушајте, споделете и коментирајте како ви се допаѓа! Уживајте и ширете љубов!“, е пораката што Огнен Здравковски ја напиша под новото парче музика кое реши да ѝ го претстави на јавноста, а кое значи почеток на едно ново поглавје во неговата музичка кариера.

pekol-i-raj-e-novata-ljubovna-pesna-od-ognen-zdravkovski-01.jpg

Насловот на новата композиција е „Пекол и рај“ и всушност станува збор за песна со љубовна тематика потпишана од негови колеги, а кога врвни музичари стојат зад ваков проект тогаш не може да имате лош финален производ.

Напротив, композцијата зад која како автори се потпишуваат Александар Тарабунов – музика, Зоран Зонде Стојановски – текст и Димитар Андоновски, кој освен што се потпишува зад аранжманот е задолжен и за миксот и мастерингот, не може да биде ништо друго освен музичко совршенство.

За приказната да биде комплетна придонесува и видеото снимено со продукцијата Sneak Media. Кадрите се снимени во Белград под режисерската палка на Никола Суњевиќ, а во нив освен Оги се појавува и Јања Станојевиќ.

pekol-i-raj-e-novata-ljubovna-pesna-od-ognen-zdravkovski-02.jpg

„Пекол и рај“ е песна која стилски е многу поразлична од сето она што го имам снимено досега. Со Тара, Диме и Зонде се дружиме приватно, се разбираме, се познаваме и тие ми направија песна каква што одамна посакував. Ги слушнаа моите желби и  добив парче какво што одамна посакував, парче во кое верувам и парче кое значи еден нов многу поразличен и позрел Огнен“, вели Оги и открива дека периодот што следува за него ќе значи многу работа затоа што веќе некое време интензивно работи на нов материјал.

Планот, како што појаснува, е на јавноста песните да ѝ ги претставува една по една, па годината што е пред нас да ја заокружи со еден убав проект.

Слушнете ја „Пекол и рај“, а ако ви се допаѓа лајкнете, споделете и оставете коментар, оти, како што вели Оги, вашите мислења и коментари му се најважни и го инспирираат за песните што ќе следуваат, а ќе ги има доста.

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава