Песна во стилот на 2000-те и провокативни сцени – погледнете го спотот за „Фала“ на ДНК

Новата песна на Андреј и Панчо од ДНК, „Фала“ потсетува на звукот од 2000-те години и има малку ретро „вајб“.

dnk-ne-zapiraat-01.jpg

По се изгледа “фабриката” ДНК нема намера да го намали темпото кога се во прашање создавањето на нови песни.

dnk-ne-zapiraat-04.jpg

По тој повод, пред два дена Панчо и Андреј преку социјалните мрежи го најавија нивниот најнов музички проект.

dnk-ne-zapiraat-02.jpg

Имено, јавноста беше изненадена од видеото кое беше споделено, бидејќи на него се појавуваат дваесетина јавни личности и сите од нив кажуваат само еден едноставен збор - “Фала”.

dnk-ne-zapiraat-03.jpg

Причина за ваквата кампања е всушност најновата песна на музичкото дуо ДНК. Нејзиниот наслов е токму тој - “Фала”.

dnk-ne-zapiraat-09.jpg

Она што е важно да се потенцира е тоа што станува збор за песна која по својот стил потсетува на звукот од 2000-те години.

dnk-ne-zapiraat-05.jpg

Инаку како и претходните песни, така и на оваа како автори се потпишува незаменливиот тандем Панчо и Лазар Цветковски.

dnk-ne-zapiraat-06.jpg

Исто така за потребите на “Фала” се сними видеоспот, во кој покрај Андреј и Панчо се појавува и преубавата кумановка Теа Ѓоргиевска, но и битбоксерот Буцо.

dnk-ne-zapiraat-07.jpg

Екипата која го снимаше спотот се добропознатите Огнен Шапковски и Кристијан Теодоров.

dnk-ne-zapiraat-08.jpg

Погледнете, уживајте и гледајте што почесто да го користите зборот Фала:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...

Најчитани неделава