„Несудена“ на Деан Коцевски е вистинско освежување на македонската сцена - рок балада која освојува од прва

Деан Коцевски е ново лице на македонската музичка сцена кој и тоа како има што да покаже, судејќи по неговата прва објавена рок балада насловена „Несудена", на која како комплетен автор со музика и текст се потпишува самиот тој, додека за аранжманот се погрижи Дино Зукиќ.

nesudena-na-dean-kocevski-e-vistinsko-osvezhuvanje-na-makedonskata-scena-rok-balada-koja-osvojuva-od-prva0-1.jpg

Се работи за емотивна рок балада која ќе ве освои од прва, а по стилот и квалитетот ќе ве врати во 80-тите години на минатиот веќ кога рокот како музички правец цветаше и беа создадени најубавите рок песни.

Запрашан за тоа од каде ја пронашол испирацијата за оваа песна, тој вели дека мелодијата сама излегла од него, а целиот негов живот има влијание на тоа. 

Коцевски е роден во Скопје, но веќе подолго време живее во Виена, Австрија и досега не се занимавал со музика, иако како што вели музиката секогаш тлеела во него и имал желба да сними песна, па таа желба сега конечно му се оствари.

Песната е дистрибуирана до сите музички платформи, а со еден клик на линкот ТУКА можете да изберете да ја слушате на една од шестте најпознати музички платформи.

Ова е само почеток и допрва ќе слушаме за неговото име. Иако оваа негова прва песна излезе пред само неколку недели, втората песна е веќе при крај, а ќе се подготвува и албум!

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Доволно ретро за да биде повеќе од модерно: „Коктел“ од љубовни нежности и комплименти во – „Само ти... Онаму каде што го започнаа своето возобноивено музичко патешествие кон крајот на...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...

Најчитани неделава