Сите песни на Дарко Димитров на Евровизија - Најголем успех му е Proud, учествувал 14 пати (6 од нив се за Македонија)
Кога Тамара Тодевска го освои 7-ото место на Евровизија (прво од жирито), меѓу оние кои се радуваа со неа во зелената соба беше и Дарко Димитров. Од 2006-та до денес тој 14 пати имаше своја песна на Евросонг - кои се песните кои ги направи Дарко за ова натпреварување?

Нашиот композитор и продуцент, Дарко Димитров, е еден од оние кои со својата работа оставиле свој печат на Евровизија.
Првпат негова песна на големата евровизиска сцена се појави во 2006-та, кога Елена Ристеска ја пееше „Нинанајна“.
Оттогаш, Дарко не се појавил на натпреварувањето со уште 13 песни, без оглед дали е тоа како композитор, аранжер, продуцент.

Освен што носеше акредитации со македонското знаме, Дарко соработуваше и со евровизиски претставници на Србија, Албанија, Црна Гора, дури и за Грузија.