Сите песни на Дарко Димитров на Евровизија - Најголем успех му е Proud, учествувал 14 пати (6 од нив се за Македонија)

Кога Тамара Тодевска го освои 7-ото место на Евровизија (прво од жирито), меѓу оние кои се радуваа со неа во зелената соба беше и Дарко Димитров. Од 2006-та до денес тој 14 пати имаше своја песна на Евросонг - кои се песните кои ги направи Дарко за ова натпреварување? 

site-pesni-na-darko-dimitrov-na-evrovizija-najgolem-uspeh-mu-e-proud-uchestvuval-14-pati-6-od-niv-se-za-makedonija-01.jpg

Нашиот композитор и продуцент, Дарко Димитров, е еден од оние кои со својата работа оставиле свој печат на Евровизија.

Првпат негова песна на големата евровизиска сцена се појави во 2006-та, кога Елена Ристеска ја пееше „Нинанајна“.

Оттогаш, Дарко не се појавил на натпреварувањето со уште 13 песни, без оглед дали е тоа како композитор, аранжер, продуцент.

site-pesni-na-darko-dimitrov-na-evrovizija-najgolem-uspeh-mu-e-proud-uchestvuval-14-pati-6-od-niv-se-za-makedonija-02.jpg

Освен што носеше акредитации со македонското знаме, Дарко соработуваше и со евровизиски претставници на Србија, Албанија, Црна Гора, дури и за Грузија.

Ова се сите песни на Дарко Димитров, кои беа испеани низ годините на големата евровизиска сцена, но и песната на Црна Гора од 2025, со која нивната претставничка Нина Жижиќ ќе настапи во Базел, Швајцарија:

Елена Ристеска, „Нинанајна“ - 2006 година, Атина

Есма и Лозано, „Пред да се раздени“ - 2013 година, Малме

Тијана Дапчевиќ, „To The Sky“ - 2014 година, Копенхаген

Елаида Дани (Албанија), „I’m Alive“ - 2015 година, Виена

Eye Cue, „Lost and Found“ - 2018 година, Лисабон

Сања Илиќ и Балканика (Србија), „Nova deca“ - 2018 година, Лисабон

Тамара Тодевска, „Proud“ - 2019 година, Тел Авив

Уште 7 на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тамара Волческа конечно го покажа момчето?! Тамара Волческа во последно време сè почесто е во центарот на вниманието на јавн...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“ Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...

Најчитани неделава