Галоски со успешна интернационална турнеја и ново издание на издавачката куќа на Dimitri Vegas & Like Mike
Македонскиот DJ и продуцент Галоски продолжува со својот успешен поход на светската музичка сцена, реализирајќи значајна интернационална турнеја низ Азија и Европа.

Во текот на последниот период, Галоски имаше успешни настапи во престижни клубови во Tokyo, Bangkok и Pattaya, каде ја освои публиката со својот уникатен и динамичен tech-house звук.
Изминатава недела, македонскиот артист настапи и во една од најпопуларните европски туристички дестинации, Барселона, каде со својот сет ја подигна атмосферата и дополнително ја потврди својата позиција на европската клупска сцена.

Покрај настапите, Галоски активно работи на сопствената музика. Неговото последно издание доби поддршка од глобалната музичка ѕвезда Дејвид Гета и други големи светски диџеи, што дополнително ја зацврстува неговата меѓународна репутација.

Веќе е официјално најавено и неговото ново издание, кое ќе биде објавено на 23-ти мај на издавачката куќа „Smash The House“, сопственост на легендарното белгиско дуо Dimitri Vegas & Like Mike. Ова ќе биде второ негово издание за истата издавачка куќа во период од само два месеци, што говори за довербата и поддршката што Галоски ја ужива од овие светски познати артисти.
Со ваквите континуирани успеси, Галоски останува еден од најдобрите амбасадори на македонската електронска музика на глобално ниво.

