Павле Камилоски ја промовира „Малина“: „Ја снимив пред година и пол и го чекав вистинскиот момент“
Во фанки ритам, брза и допадлива - новаат песна на Павле Камилоски, „Малина“, ќе ве разигра уште со првите ноти.
Павле Камилоски постојано изненадува на музички план. Откако кон крајот на минатата година ја објави баладата „Дали можам“, а потоа и топлата празнична песна „Иде Нова година“, сега ја промовира песната „Малина“.
Во фанки ритам, брза, допадлива и зад „Малина“ стои докажаниот тим со кој Камилоски соработува на своите песни.
Музиката е на Дамир Пух и Наташа Миха, а текстот го напиша Ксенија Николова.
За спотот, пак, беше задолжен долгогодишниот соработник на Павле - Александар Ристовски Принц.
За својата најнова песна, за CRNOBELO.com, Павле вели:
„Песната, ајде да речам така, стоеше во фиока околу една и пол година.
Направена е лани во јануари и планот беше да ја промовирам во септември 2024, но ете, се случи настапот на ‘Макфест’ и песната ‘Дали можам’, па сметав дека е подобро да ги промовирам една по една.
А и ‘Малина’ е весела, пролетна песна, па можам да кажам дека го избрав вистинскиот тајминг и задоволен сум од тоа како излезе“.
Погледнете го видеото за „Малина“:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





