Македонската поп-рок сцена добива нова звучна нишка – Наташа Миха го промовира својот најнов сингл „Светлина“
Наташа Миха го промовираше својот нов сингл, насловен „Светлина“ - песна што истовремено е интимна приказна и универзално чувство на повторно будење и надеж.
Песната и видеото премиерно беа објавени на 29.05 (четврток), заедно со дигитална дистрибуција на сите стриминг платформи.
„Светлина“ е заедничко музичко дело на Наташа Миха и Дамир Пух, со текст напишан од самата изведувачка. Аранжманот, како и миксот и мастерингот, ги потпишува Дамир Пух, со својот препознатлив продуцентски печат, сработени во GreenRoom Sound студио.
Видеото за „Светлина“ беше снимено со поддршка од неверојатен тим на креативци и професионалци, кои со својата енергија и посветеност придонесоа оваа приказна да оживее на екран.
Видео записот е во режија и монтажа на Мартин Георгиевски, a позади камерите и сет фотографијата се потпишува ProCam продукција.
Сценскиот изглед е заокружен со дизајнерските креации на Дејан Сидор, за фризурата се има погрижено Марина Станковска од Студио Инфинито, а шминката е дело на талентираната Евгенија Кузмановска.
Слушнете ја „Светлина“ и погледнете го спотот во продолжение:
Би можело да ве интересира:





