Таско сними два спота во еден ден, па најави: „Се враќам на музичката сцена - ова е само почеток“
„Овие проекти се резултат на посветеност, креативност и тимска работа – за само 12 часа, успеавме да снимиме два видеоспота и да ги споиме во една визуелна и наративна целина“ - вели Таско за CRNOBELO.com.
Христијан Тасковски - Таско има две нови песни - „Лоло“ и „Мила“, кои ги промовираше изминатиов викенд.
Освен што ги промовира во ист ден, Таско неодамна во ист ден ги сними и спотовите за двете песни - првиот преку ден, а вториот истата вечер.
Песните се со заразен ритам и веднаш предизикаа позитивни реакции кај публиката.
За новата музика, за CRNOBELO.com, Таско вели:
„Двете песни носат автентична летна енергија и свежина, и претставуваат музички израз кој, според мене, ќе донесе посебно чувство на радост и емоција кај слушателите.
Овие проекти се резултат на посветеност, креативност и тимска работа – за само 12 часа, успеавме да снимиме два видеоспота и да ги споиме во една визуелна и наративна целина.
Приказната која ја раскажуваат е оригинална и ќе ги однесе гледачите на едно поинакво, естетско и емоционално патување.
Режијата е доверена на талентираниот Никола Наумовски, познат по својата работа на бројни актуелни видеоспотови.
Аранжманите на двете песни се дело на врвните продуценти Иван Јованов – Iwayo и Joezee, кои му дадоа модерен и впечатлив звук на секое дело.
Текстот и музиката се моја авторска работа, а искрено се надевам дека ќе ја почувствувате искреноста и енергијата со која се создадени.
Со „Лоло“ и „Мила“ официјално го најавувам моето враќање на музичката сцена.
Ова е само почеток – следуваат уште многу изненадувања и нови проекти кои со нетрпение ќе ги споделам со вас наскоро.
Ви благодарам за поддршката. Нека ова лето биде во знакот на музиката!“
Погледнете ги видеата за „Лоло“ и „Мила“:
Би можело да ве интересира:





