Антониа и Пајак имаат нов летен хит: „Ни врнеше пред снимање, измрзнавме, ама беше многу интересно“
„Спотот го снимивме сега, во мај, но дента врнеше многу. Па, освен што измрзнавме, не бевме ни сигурни дали ќе престане и дали ќе можеме да почнеме да снимаме. Ама, многу сум задоволна од тоа како излезе сè на крајот“, кажа Антониа за CRNOBELO.com.
Откако во 2023 ја снимија дуетската песна „Хабиби“, Пајак и Антониа Гиговска најавија нов летен хит, „Навика“.
Музиката и текстот се на Пајак, во соработка со Елвир Мекиќ, а аранжманот е на Иван Јованов - Iwayo.
Веднаш по промоцијата на песната, Антониа објави кратко видео на својот Инстаграм.
„Дечки, конечно „Навика“ е достапна да си ја слушате на сите платформи.
Голееемо благодарам до мојот другар Пајак, заедно со Iwajo, за поканата повторно да му гостувам во песна.
За мене е секогаш предизвик да соработувам и да дадам свој печат на песната. На сет ни беше малку ладно, но сепак многу интересно.
Ние се надеваме дека ќе ви се допаднат и песната и видеото, а вие пишете ми во коментар кој од вас има вакви љубовни проблеми, и кој најмногу се пронајде во песнава“, напиша таа.
За CRNOBELO.com, пак, рече дека е среќна што пак соработува со Пајак.
„Спотот го снимивме сега, во мај, но дента врнеше многу. Па, освен што измрзнавме, не бевме ни сигурни дали ќе престане и дали ќе можеме да почнеме да снимаме.
Ама, многу сум задоволна од тоа како излезе сè на крајот“, ни кажа таа.
Погледнете го видеото за „Навика“:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





