Јелена Розга има нова песна – премиерно пред македонската публика ќе ја отпее во Охрид на 29 јули

Во прекрасниот парк на Галеријата Мештровиќ, на една од најубавите сцени на Медитеранот, викендов се одржа третиот по ред „Мелодии на Јадранот“, а најочекуваниот настап беше оној на Јелена Розга.

jelena-rozga-ima-nova-pesna-premierno-pred-makedonskata-publika-kje-ja-otpee-vo-ohrid-na-29-juli-01.jpg

Не е изненадување, со оглед на фактот дека претходните две фестивалски изданија ги донесоа едни од најубавите балади на Јелена, „Иди ти“ и сега веќе легендарната „Лавица“, една од најизведуваните песни во изминатата година.

Најновата „Зачарани круг“, создадена како уште еден успешен плод на тандемот Вјекослава и Тончи Хуљиќ, аранжирана од Лео Шкаро, ги освои срцата на сите присутни уште при првото слушање, а храброста и нежноста на жената испеана од силниот вокал на Јелена ни овој пат не оставија никого рамнодушен. Розга уште еднаш ја оправда титулата една од најголемите регионални музички ѕвезди.

jelena-rozga-ima-nova-pesna-premierno-pred-makedonskata-publika-kje-ja-otpee-vo-ohrid-na-29-juli-03.jpeg

„Посебна чест ми беше да пеам пред моите луѓе од Сплит, но и на овој простор и во ваква средина. Она што сега го очекувам е да ја гледам песната како расте во срцата на мојата публика, а потоа со нив да го споделам микрофонот. Тој маѓепсан круг на размена на енергија и љубов помеѓу мене и мојата публика сепак е нешто најубаво“, вели Јелена, која „Зачарани круг“ премиерно пред македонската публика ќе ја отпее на сцената на охридскиот Антички театар на 29 јули. 

 „Едвај чекам да дојде 29-ти јули. Возбудена сум, морници ме лазат кога ќе помислам дека ќе стојам на таа сцена. Многу пати сум била во Охрид, но овој пат ќе биде посебно. Прекрасен град, магична локација. Кога првпат го видов театарот, знаев – еден ден морам тука да настапам, и еве, тој ден доаѓа“, рече Розга при неодамнешната посета на Скопје.

Инаку, настапот на Јелена Розга во Античкиот театар во Охрид се најавува како концерт на летото – симфониски спектакл под отворено небо, исполнет со најголемите балади и енергичните хитови што ја одбележаа нејзината кариера. Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со емоции, страст и беспрекорен настап во придружба на гудачки оркестар каков што само таа умее да понуди.

jelena-rozga-ima-nova-pesna-premierno-pred-makedonskata-publika-kje-ja-otpee-vo-ohrid-na-29-juli-02.jpeg

Концертот ќе се одржи на 29 јули, а билетите се продаваат преку мрежата на yournextevent.info, по цени од 1.500 до 2.200 денари, во зависност од местоположбата, и на продажните места Кај Аждер – Охрид, Саде-С Тобака – Скопје, Да-Ми компани Тобако – М.А. Ченто, Тобако 51 – Прилеп, City Point (позади Нама & во Citymall) – Штип и Димпо Тобака – Битола.

Не пропуштајте да бидете дел од спектаклот на Јелена Розга кој под светлината на ѕвездите и во магичниот амбиент на Античкиот театар ќе биде вечер на емотивни балади, моќни хитови и беспрекорен сценски настап – вечер исполнета со музика и страст!

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава