Ashes - новиот сингл на македонскиот продуцент и диџеј Хејз

Македонскиот продуцент и диџеј Хејз (Haze), познат на јавноста како Ненад Тодоровски, го претстави својот нов сингл „Ashes“, кој беше официјално објавен на 7 октомври 2025 година преку меѓународната издавачка куќа Future House Cloud.

ashes-noviot-singl-na-makedonskiot-producent-i-didjej-hejz-01.jpg

„Ashes“ е седмиот сингл од претстојниот албум „Afterlife“, со кој Хејз продолжува да го гради својот препознатлив звук што спојува емоција, енергија и современа електронска продукција. Пред овој сингл, публиката веќе имаше можност да ги слушне темите „Afterlife“, „Stargazing“, „Heaven“, „Сенки“, „Ode of Joy“ и „Hide“.

Музиката, текстот и аранжманот на песната се дело на Ненад Тодоровски, а вокалот го изведува талентираната Јована Лалчевска, која со својот препознатлив глас му додава длабочина и емоционална сила на синглот.

Во својата кариера, Хејз има издадено повеќе од 20 синглови и ремикси, а соработувал со бројни домашни и меѓународни артисти, меѓу кои се Бобан Апостолов (naBBoo), Brass Brothers, Cyrillic, Galoski, Iwayo, Викторија Лоба и многу други.

Со „Ashes“, Хејз уште еднаш потврдува дека е еден од најконзистентните и најкреативните имиња на македонската електронска сцена, оставајќи свој белег со секое ново издание.

Слушнете го Ashes:

Би можело да ве интересира:

Диџеј Babura Јunior сними свој музички сет на Ибица: „Сакав преку музиката да ги пренесам енергијата... „Го снимив во една луксузна вила на Ибица, со неверојатен поглед кон Ес Ведра, е...
Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
Ненад Вржалски промовира две песни - емотивната балада „Душо моја“ и динамичната „Јас постојам“ Ненад Вржалски во краток период сними два спота за две свои песни - емотивната б...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Дупер ја оживуваат магијата на „Супер ѕвезда“ во новата песна По успехот на нивниот последен сингл „Некажано“, кој излезе пред само два месеци...
Раскинаа диџеј Боно и Тами, па ја објавија заедничката песна „Бамба“ Македонската музичка сцена доби уште едно свежо летно издание. Борјан Илковски Б...

Најчитани неделава