Дамјан Стоименовски со нова песна - „Води ме“ ја освојува публиката

Младиот пејач и автор Дамјан Стоименовски, кој веќе неколку години ја гради својата препознатлива музичка приказна, ја претставува својата најнова песна – „Води ме“.

damjan-stoimenovski-so-nova-pesna-vodi-me-ja-osvojuva-publikata-01.JPG

Станува збор за современа поп-балада исполнета со емоција, топлина и искреност, која ветува да стане нов фаворит на публиката. Музиката за „Води ме“ ја потпишува Toby Tolga Mazhar, текстот е на Дамјан Стоименовски, а за аранжманот и продукцијата се погрижи Андреј Ник. Комбинацијата на модерниот звук и длабоката емоционалност резултира со песна која ја доловува љубовта во нејзината најискрена форма.

damjan-stoimenovski-so-nova-pesna-vodi-me-ja-osvojuva-publikata-02.JPG

Видеото за песната го сними Јован Јанкуловски на неколку живописни локации, создавајќи визуелна приказна што совршено ја надополнува музиката.

damjan-stoimenovski-so-nova-pesna-vodi-me-ja-osvojuva-publikata-03.JPG

Во спотот се појавува и атрактивна девојка , која со своето присуство додава доза мистерија и романтика. Режијата и визуелниот пристап го истакнуваат уметничкиот идентитет на Дамјан, кој со посветеност и визија создава дело што остава впечаток.

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Антониа Гиговска призна дека е „Специјалиста” за кршење на машки срца: Слушнете ја нејзината нова пе... Обично кога е лето и време за одмори, на нашата музичка сцена многу ретко или ре...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...

Најчитани неделава