Емоција што не се заборава: Наталија Славева ја објави „Ти си сè што знам“

Со новата песна „Ти си сè што знам“, Наталија Славева носи искрена музичка приказна исполнета со емоција, тишина и спомени што не исчезнуваат со времето.

emocija-shto-ne-se-zaborava-natalija-slaveva-ja-objavi-ti-si-se-shto-znam-01.jpg

Балада која зборува за љубовта што останува и кога приказната завршува, песната допира до она чувство кое сите барем еднаш сме го доживеале — обидот да продолжиме понатаму, додека дел од нас сè уште живее во спомените.

Интересно е што песната се родила сосема неочекувано. По долгогодишна соработка со музичарот Ерик Фокс, за чија музика Наталија во изминатиот период пишува текстови, токму една мелодија предизвикала нешто повеќе од обична креативна инспирација.

„Кога ја слушнав, едноставно не можев да останам рамнодушна. Почнав да пишувам текст без да размислувам за кого е наменета, а во еден момент сфатив дека приказната премногу ме допира за да ја отпее некој друг,“ открива Наталија.

Така, од една соработка спонтано се родила „Ти си сè што знам“ - песна која прерасна во лична исповед преточена во музика.

Музиката и аранжманот се дело на Кирил Зарлинов, текстот го потпишува Наталија Славева, додека видео записот е реализиран со современа AI продукција во соработка со Spectrum 25, создавајќи визуелна атмосфера што ја следи емоционалната длабочина на песната.

„Ова е песна што не се планираше — едноставно се случи. Понекогаш музиката сама го избира својот изведувач. ‘Ти си сè што знам’ е дел од мене, чувство што долго постоело, а конечно доби глас.“

Слушнете ја „Ти си сè што знам“:

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...

Најчитани неделава