„Игри без граници“ прв винил на Тоше Проески

Музичкото наследство на Тоше Проески добива нова форма на грамофонска плоча.

igri-bez-granici-prv-vinil-na-toshe-proeski-01.jpg

Албумот „Игри без граници“ за првпат се објавува на винил, овозможувајќи ѝ на публиката да го слушне неговиот глас во врвен аудио квалитет.

Винилот веќе е во претпродажба - ексклузивно на duris.shop во ограничен тираж.

Проектот беше издаден во август 2007 година на македонски и српски јазик, само два месеци пред неговото прерано заминување. Се снимаше во престижни студија низ регионот.

На албумот се наоѓаат песните, страна А-„Душа остана“, „Никој како тебе не бакнува“  „Боже, чувај ја од зло“ „ Месечина“, Игри без граници. На страна Б- „Среќна ли си ти“ „Најдрага моја„,  „Јас не сум виновен“,  „Цреша“, „ Срце није камен“.

igri-bez-granici-prv-vinil-na-toshe-proeski-04_copy.jpg

Издавач е „Енџел мјузик“, винил ремастеринг е на Кокан Димушевски. Мастеринг и печатење Винил-Сони ДАДЦ Австрија.

Објавувањето на овој албум на Винил претставува чин на зачувување на македонското културно наследство.

Во дигиталната ера, грамофонската плоча нуди трајност и автентична топлина на аналагниот звук.

igri-bez-granici-prv-vinil-na-toshe-proeski-03.jpg

„Игри без граници“ на винил останува документ за времето кога македонската музика го достигна својот врв преку уникатниот вокал на Тоше Проески.

Ова е навистина момент за македонската музичка историја.

Објавувањето на „Игри без граници“ на винил не е само реиздание, туку и емотивно патување назад кон звукот на ангелот што прерано нè напушти.

Би можело да ве интересира:

„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“ - кутија со два алб... По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“...
Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“ Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со ...
Ана и Алексеј од Битола ја преработија безвременската „Немир“ од Каролина и Тоше (видео) Младите талентирани музичари Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, кои ја...
Визуелна магија и женска енергија: Александра Јанева го промовираше најновиот видео-запис за „Сестро... По серијата успешни музички проекти, Александра Јанева го претстави видеотo за с...

Најчитани неделава