Архангел со нова музика во пресрет на големиот самостоен концерт: Објавен синглот „Дни оловни“

Повеќе од две децении по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок состав Архангел официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор на музиката и текстот е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание во пресрет на големиот самостоен концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје.

arhangel-so-nova-muzika-vo-presret-na-golemiot-samostoen-koncert-objaven-singlot-dni-olovni-01.jpg

Звукот и лириката на „Дни оловни“ носат специфична тежина и симболика. Песната концептуално го поврзува почетокот на 44-годишната кариера на Вртев со нејзиното денешно продолжение. Синглот е одраз на уметничката зрелост на авторот, притоа задржувајќи ја во целост бескомпромисната автентичност на музичкиот и лирскиот израз кој е заштитен знак на Архангел. Преку овој континуитет, Архангел докажува дека остриот израз на бендот останува подеднакво релевантен и денеска.

Синглот е снимен, миксан и мастериран во скопското студио „Clinic Sound“ на Нино Спиркоски, а sound design е на Марко Миличевиќ – Gramophonedzie.

Објавувањето на „Дни оловни“ претставува вовед во новото музичко поглавје на бендот пред средбата со публиката. На концертот, покрај генерациските хитови од досегашната дискографија, Архангел премиерно ќе изведат и дел од новите композиции во живо. Снимањето и издавањето на новиот албум, како и организацијата на концертот, се реализира под капата на издавачката куќа Adriatica Records. Влезниците за концертот „Срцевина“ се достапни онлајн на karti.com.mk и преку нивната продажна мрежа низ цела Македонија.

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...

Најчитани неделава