Млада, атрактивна и амбициозна: Драгана Костова со моќен старт и прва авторска песна „Адио“

На македонската музичка сцена секогаш има место за нови, талентирани и вредни млади артисти, а токму една од нив е и Драгана Костова од Струмица, која деновиве ја промовираше својата прва авторска песна со наслов „Адио“.

mlada-atraktivna-i-ambiciozna-dragana-kostova-so-mokjen-start-i-prva-avtorska-pesna-adio-01.jpg

Станува збор за нејзин прв официјален музички проект, зад кој стои тим што посветено работеше во изминатиот период. Музиката и аранжманот за песната ги потпишува Лазар Цветковски, додека текстот е дело на Магдалена Ена Цветковска.

За песната е снимен и видеоспот на неколку локации, а режијата е на Стеди Флоу. Драгана во спотот се појавува во впечатливо издание, со внимателно избрани стајлинзи и кадри што совршено се вклопуваат со приказната и атмосферата на самата песна.

mlada-atraktivna-i-ambiciozna-dragana-kostova-so-mokjen-start-i-prva-avtorska-pesna-adio-04.jpeg

Со оваа песна, Драгана најавува дека во периодот што следува активно ќе работи на нови музички проекти и ќе се труди да донесе нешто ново и свежо на македонската музичка сцена.

„Ова е мојата прва авторска песна и навистина сум среќна што конечно ја споделувам со публиката. На проектот работевме долго и со многу посветеност.

Голема благодарност до Лазар, Магдалена и до целиот тим, бидејќи сите дадовме максимум за ‘Адио’ да звучи и изгледа онака како што замисливме. Се надевам дека песната ќе им се допадне на луѓето и дека ќе ја пеат заедно со мене“, изјави Драгана.

mlada-atraktivna-i-ambiciozna-dragana-kostova-so-mokjen-start-i-prva-avtorska-pesna-adio-03.jpeg

Инаку, Драгана Костова пред неколку години беше дел од популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде што остави силен впечаток кај жири-комисијата и публиката со своите интерпретации. Моментално е втора година на Музичката академија, на отсекот по пијано, каде дополнително го надградува своето музичко образование.

Младата пејачка планира сериозно и понатаму да се посвети на музичката кариера, а „Адио“ е само почеток од она што следува.

Во периодот пред неа најавува многу нови песни, проекти и видеоспотови, но и настапи низ повеќе градови ширум Македонија.

Погледнете, уживајте и доколку ви се допадне, споделете ја на вашите социјални мрежи новата песна „Адио“:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Драгана Јовановска ја објави „Лага“ — нова песна со модерен звук и моќен тим зад себе (видео) Македонската музичка сцена периодов не запира — нови проекти, свежи песни и моде...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...

Најчитани неделава