Виктор Апостоловски испеа песна за синот и првпат го покажа неговиот лик: „Ја снимив вечерта кога се роди“
„На денот на раѓањето на Адам, на кое присуствував лично и кое ме преполни со емоции, вечерта после забавата слегов в студио и бидна 'Страв'," вели Виктор за CRNOBELO.com.

Шест месеци откако го доби синот Адам, Виктор Апостоловски објави песна што му ја посвети, „Страв“, и првпат го покажа неговиот лик.

Песната настанала точно на денот на раѓањето на Адам, откако Виктор бил преплавен од емоции, дополнети со фактот шшто присуствивал во породилната сала и бил покрај сопругата Милена во секој дел од породувањето.

А за песната, за CRNOBELO.com, тој вели:
„Не бев со некоја посебна намера да пишам песна, ама во текот на бременоста, често си размислував што сакам да му бидам на Адам, како би сакал да ме гледа и доживува...

Си запишував по некоја мисла...

Па на денот на раѓањето, на кое присуствував лично и кое ме преполни со емоции, вечерта после забавата слегов в студио и бидна "Страв"...

Буквално ја зедов гитарата, па басчето, па тапаните, па рефренот си дојде природно и се си залепи за мерак.

Спотот исто така си бидна природно, станавме еден убав сончев ден и рековме - снимаме!

Ги зедовме камерите и си изуживавме во процесот! Отидовме до Преспанско езеро, па на Пелистер и останатото си го снимивме дома!

И секако сите сакаа да го запознаат Адам, вака барем ќе се овековечи моментот и нашите чувства за него“.

Погледнете го видеото:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
