Прават 3D концерти, обвиени се со мистерија: Факти за KRAFTWERK, пионерите на електронската музика кои ќе настапуваат во Скопје

Речиси никогаш не даваат интервјуа

Додека повеќето музички ѕвезди редовно даваат интервјуа за да се промовираат, членовите на KRAWFTREK се многу помистериозни.

Интервјуата што ги давале низ годините се исклучиво ретки – нешто што е дел од нивниот мистериозен имиџ што го градат уште од почетоците.

Членовите што го напуштија бендот и почнаа соло кариери повремено споделуваа детали за нивната работа.

Но, што се однесува до поставата на KARFTWERK, интервјуата се вистинска реткост.

И нивното студио е обвиено со мистерија

Покрај тоа што избегнуваат интервјуа, членовите на бендот не дозволуваат и никој да влезе во нивото легендарно студио, познато како Kling Klang.

Впрочем, долг период тие не ја кажувале ни локацијата на студиото.

Карл Бартош има откриено и дека било особено тешко некој телефонски да го контактира бендот во студиото за соработка.

Нивниот телефон не ѕвонел, бидејќи додека снимале, музичарите не сакале никакво звучно загадување.

Ако некој пробал да се јави, добивал инструкции да се јави во точно одредено време и тогаш Ралф Хитер одговарал на телефонот.

Крис Мартин од Coldplay има споделено и забавна анегдота за тоа колку е тешко да се стапи во контакт со бендот.

Пејачот сакал да искористи нивна трака за негова песна и испратил писмо преку адвокат.

Одговор добил по дури неколку недели – рачно напишана порака на која стоел само зборот „да“.

Добија Греми награда по дури 40 години постоење

Би очекувале бенд како KRAFTWERK да добивал престижни награди уште на почетокот од кариерата.

Но, нивната прва Греми награда е од 2014 година, и тоа за животно достигнување. Претходно беа номинирани во 1982 и 2006 година.

Во 2018-та добија уште една Греми награда, за најдобар денс/електронски албум, за 3-D The Catalogue.

Можете да уживате во нивното спектакуларно шоу и во Скопје

И  денес, концертите на KRATWERK се надреални и вклучуваат 3D ефекти.

Доста често публиката добива 3D очила за да го следи концертот, па можете само да замислите за каков спектакл станува збор.

Ако досега не сте ги гледале во живо или сакате уште еднаш да го повторите искуството – KRATWERK настапуваат во Скопје на 25-ти јули.

Концертот ќе се одржи на стадионот на АРМ, а картите се достапни за продажба ТУКА.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12-годишната Дарија од Србија е чудо од дете - издоминира во „Пинкови ѕвезди“, Карлеуша воодушевена ... „Кукла... Браво!“, „Шоу“ се дел од коментарите на жирито за девојчето што го воо...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Елвир Мекиќ ѝ подари нов музички „Дијамант“ на својата публика Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува с...
Дупер не запираат: Нова песна „На пола пат“ По серијата хитови и засиленото присуство на сцената, дуото Дупер денес точно на...
Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ - Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јун... Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а ...
Ана и Алексеј од Битола ја преработија безвременската „Немир“ од Каролина и Тоше (видео) Младите талентирани музичари Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, кои ја...

Најчитани неделава