8 големи ѕвезди кои владеат со сцената и кога се бремени

Тие можат да приредат одлично шоу и кога се бремени. За нив бременоста не е време за одмор, туку изгледа поголема инспирација.

8-golemi-zvezdi-koi-vladeat-so-scenata-i-koga-se-bremeni-01.jpg

Еве ги одличните настапи на пејачките кои во моментот биле бремени, но сепак одлично си ја завршиле работата:

1. M.I.A - 2009, Греми наградите

Овој настап сигурно таа вечер ќе ја добиел наградата Најдобар настап на трудница доколку постоела таква категорија.

Раперката настапувала на шоуто баш на денот кога се претпоставувало дека ќе се породи.


2. Бијонсе - 2011, MTV видео музичките награди

Кралицата Бијонсе го имаше совршениот настап на кој и покажа за првпат дека е бремена. Ова сигурно е еден од најдобрите настапи кои се случиле на таа сцена. Да не заборавиме дека после тоа се роди малата ѕвезда Блу Ајви.


3. Кери Андервуд - 2015, CMA наградите

Како дел од водителскиот тим Кери го изведе и својот хит „Something in the water“.


4. Кристина Агилера - 2014, на концертот Wango Tango

Кристина изгледа одлично во секси црн фустан и високи потпетици на изведбата на песната „Say Something“.


5. Мараја Кери - 2011, во новогодишниот прилог „Christmas in Washington“

Мараја била бремена со близнаци на овој настап, а иронично, ја изведувала песната „One child“ во Белата куќа.


6. Сиара - 2014, на забавата по Греми наградите

Иако неколку месеци бремена, Киара успеала да изведе одличен настап на нејзините големи хитови.


7. Кели Кларксон - 2015, на концертот во Staples Center 

Токму на овој настап, Кели изјавила дека е бремена за време на изведбата на песната „Piece by Piece“, а публиката била воодушевена.


8. Алиша Кис - 2014, на EMA наградите

Дури во седмиот месец од бременоста, Алиша одлично ја испеала нејзината песна „We are here“ и изгледала преубаво во сребрениот фустан.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модус бенд со нов ексклузивен видео спот „Џабе бараш утеха“ Македонскиот бенд Модус ја претставува својата најнова музичка приказна – песнат...
Емоција што не се заборава: Наталија Славева ја објави „Ти си сè што знам“ Со новата песна „Ти си сè што знам“, Наталија Славева носи искрена музичка прика...
Тамара ја промовира „Дива“, песната за женска сила: „Сакам да ја пуштите гласно, да пеете и да сте с... Тамара Тодевска ја објавува „Дива“, третиот сингл од новиот визуелен албум „Кукл...
FOLTIN RE:COMPOSED: Обраќање во прво лице Во годината кога одбележуваме 30 години од првиот концерт, решивме дел од п...
„Дишам“ - новата песна на ДААН инспирирана од моментите на колективна тага и тишина која настана по... „Оваа песна ја посветувам на сите „Ангели“ кои прерано не напуштија и на нивните...

Најчитани неделава