„Дишам“ - новата песна на ДААН инспирирана од моментите на колективна тага и тишина која настана по Кочани

„Оваа песна ја посветувам на сите Ангели кои прерано не напуштија и на нивните најблиски како и на оние кои сеуште се борат и пробуваат да „Дишат нормално иако е тешко“, вели Дарко Андонов ДААН.

disham-novata-pesna-na-daan-inspirirana-od-momentite-na-kolektivna-taga-i-tishina-koja-nastana-po-vo-kochani-01.jpg

Македонскиот автор и артист Дарко Андонов – ДААН  ни ја претставува својата најнова авторска песна „Дишам“, емотивна композиција која зборува за човечката ранливост, тишината што останува по загубата и потребата повторно да се пронајде светлина.

Песната е авторско дело на Андонов, кој стои зад музиката и текстот, додека аранжманот, миксот и мастерингот ги потпишува Кире Јакимов. Снимањето е реализирано во студиото DAAN MUSIC PRODUCTION, каде Андонов ја развива својата музичка продукција.

„Дишам“ е модерна, драматична поп композиција со силна емоционална атмосфера, во која музиката и текстот создаваат простор за размислување за животот, спомените и човечката поврзаност.

disham-novata-pesna-na-daan-inspirirana-od-momentite-na-kolektivna-taga-i-tishina-koja-nastana-po-vo-kochani-03.jpg

„Песната настана во периодот кој следуваше по огромната трагедија во Кочани кога чувствував дека околу нас има огромна колективна тага и тишина, многу прашања и многу неизговорени емоции. Се обидов тоа чувство да го преточам во музика“, вели Андонов.

Инспирацијата за песната, како што додава тој, доаѓа од моментите на тага и празнина, кога луѓето се обидуваат повторно да го пронајдат здивот и надежта.

‘Дишам’ е песна за тоа дека и во најтешките моменти човек мора да продолжи да дише, да продолжи да верува и да продолжи да бара светлина.

disham-novata-pesna-na-daan-inspirirana-od-momentite-na-kolektivna-taga-i-tishina-koja-nastana-po-vo-kochani-02.jpg

За песната е подготвено и визуелно видео, кое Андонов го реализирал сам со помош на современи AI алатки, создавајќи атмосфера која ја следи емотивната линија на композицијата.

Песната „Дишам“ премиерно е објавена на неговиот YouTube канал, а авторот се надева дека таа ќе допре до слушателите и ќе им остави простор за сопствени чувства и размислувања.

„Оваа песна ја посветувам на сите Ангели кои прерано не напуштија и на нивните најблиски како и на оние кои сеуште се борат и пробуваат да „Дишат нормално иако е тешко„ пренесува Дарко.

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава