Доколку сè уште не ви е здосадена - 10 најдобри преработки на Despacito


Доколку сè уште не ви е здосадена - 10 најдобри преработки на Despacito

Повеќе од очигледно е дека го имаме летниот хит за 2017 година. По-ле-ка со вртењето очи. Може да ви се допаѓа премногу или да ја мразите, но тешко може да го игнорирате големиот хит на Луис Фонси и Деди Јенки. Џастин Бибер се вклучи во втората верзија на песната со додадена воведна строфа на англиски јазик, но ние го преферираме оригиналот.

10-najdobri-prerabotki-na-Despacito-01.jpg

Во меѓувреме се појавија многу алтернативни верзии и преработки на Despacito и време е да ги слушнете и нив:

Maxi Espindola - Despacito ft. Agustín Bernasconi (Live Session)

Дечките имаат неверојатно заразни енергија и прекрасни гласови. Со над 26 милиони прегледи и можеби најенергичната акустична изведба ќе сфатите зошто оваа верзија е подеднакво добра (ако не и подобра) од оригиналот.

Despacito cover by Alyssa Dezek

Сте виделе ли послатко нешто од Алиса и нејзината мала гитара-лубеница?

Despacito - Luis Fonsi ft. Daddy Yankee (Boyce Avenue acoustic cover) on Spotify & iTunes

Стандардно добра преработка на тројцата браќа кои се дел од најпрегледуваниот независен бенд на YouTube, Boyce Avenue.

Luis Fonsi, Daddy Yankee ft. Justin Bieber - Despacito (Aviwkila Cover)

Преработка на индонезиското дуо Aviwkila. Се извинија за лошиот изговор на шпанските зборови, но коментарите велат дека изведбата им е скоро перфектна.

Despacito l Mash up l group song (cover) : no music

4 гласови и ниту еден инструмент. Звучат нереално, а талентот е повеќе од пресуден за ваков тип на преработка на песна.

Уште 5 преработки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Дуа Липа царуваше на топ листите - Кои песни најмногу се слушаа во 201... Кои песни станаа најголеми хитови во годината со која сме подготвени да се збогу...
Кои песни се очекува да бидат хитови за пролет 2019? Сè уште се нема издвоено ниту една песна која е на пат да ја одбележи 2019 годин...
Родена под среќна ѕвезда - 10 најдобри хитови на Дуа Липа Се отселила од дома на само 15 години и од Косово заминала за Лондон со цел да ј...