Летни фестивали кои доколку имате шанса, вреди да ги посетите


Летни фестивали кои доколку имате шанса, вреди да ги посетите

Последните денови од месец мај секогаш во мене ги будат заспаните импулси кои алудираат на забава, музика и многу дружба.

5-letni-festivali-koi-dokolku-imate-shansa-vredi-da-gi-posetite-001.jpg

Летување како летување секогаш ќе се помни, многу често знае да заземе сличен облик како од претходните години, но одење на некој музички фестивал каде настапуваат нашите идоли е доживување кое со гордост ќе го раскажуваме кога ќе подостариме.

За вкусот не се расправа, барем сите сме запознаени со тоа, но кога ќе се најдеме на огромна полјана со илјадници насмеани, релаксирани луѓе, тогаш забораваме на сите животни стеги и потешкотии и се препуштаме на моментот, зашто тоа и само постои.

Download Festival 8-10 јуни – Дарби, Англија

Да се видат Ози Озборн, Avenged Sevenfold, Guns N' Roses и Мерлин Менсон во рок од неколку дена навистина е голем работа. Освен нив има уште еден куп други изведувачи, кои ќе настапуваат на овој фестивал, кој од светските критичари се смета за фестивал-старешина на рок и метал музика во светот.

dali ste podgotveni festivalskata sezona moze da zapocne 3

Copenhell 21-23 јуни – Копенхаген, Данска

Со интересна комбинација од зборови, овој дански фестивал ми го привлече вниманието со листата на изведувачи што ќе настапаат за речиси неполн месец. Nightwish, Alice in Chains, Ghost, Kreator, Helloween и  W.A.S.P. се дел од музичките имиња кои ќе рокаат на сцената во Копенхаген.

Иако стандардот во Данска е изгор за нашите џебови, сепак ако сме љубители на овие бендови треба да се жртвуваме за да може некогаш да прераскажуваме.

dali ste podgotveni festivalskata sezona moze da zapocne 6

Ultra Europe 6-8 јули – Сплит, Хрватска

Еве и еден фестивал на наша територија, барем така се чувствуваме кога одиме на настан што се одржува на Балкан. На овој фестивал за електронска музика посетителите ќе имаат можност да се забавуваат со Дејвид Гета, Армин ван Бурен, Карл Кокс и уште многу други светски диџеи.  

dali ste podgotveni festivalskata sezona moze da zapocne 4

Mad Cool Festival 12-14 јули – Мадрид, Шпанија

Овој фестивалски предлог со сигурност најмногу ќе им се допадне на луѓето. Замислите, во рок од три дена можете во живо да ги слушнете Pearl Jam, Arctic Monkeys, Depeche Mode, Jack White и Queens Of The Stone Age, па ако сé уште не знаете каде да прошетате лето, а веќе ви се здодеани одморите во Грција, тогаш купувај авио-билет и влезница и направете си го летото тип-топ.

dali ste podgotveni festivalskata sezona moze da zapocne 2

EXIT Festival 12-15 јули – Нови Сад, Србија

Во никој случај оваа листа не може да помине без фестивалот Exit. Не за друго, затоа што најголем број на Македонци ќе заминат таму. Сепак, колку и да пребираме, излегува како најевтина опција. Мартин Гарикс, Дејвид Гета, Grace Jones, Migos, Fever Ray, LP... и уште многу други изведувачи. Останува на вас како ќе одлучите да си ги поминете летните денови.

dali ste podgotveni festivalskata sezona moze da zapocne 5

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакам да знам” - Дали ќе успеам, ако останам тука? Неодамна на социјалните мрежи се појавија интересни видеа, кои поттикнаа многу п...
Периодот на музички фестивали започна - Ќе посетите ли некој ова лето?... Сите велат дека во пресрет ни доаѓа најинтересниот период од годината. Лето...
Кои песни се очекува да бидат хитови за пролет 2019? Сè уште се нема издвоено ниту една песна која е на пат да ја одбележи 2019 годин...