Најубавите романтични рок песни кои веројатно не сте ги слушнале досега


Најубавите романтични рок песни кои веројатно не сте ги слушнале досега

Општо е познато дека кога метал бенд ќе направи балада, тоа е најубавото нешто што постои, иако многумина се сомневаат во тоа. 

5-te-najromanticni-rok-pesni-za-koi-verojatno-ne-ste-cule-do-sega1.jpg

Колку и да не сакате гитарска музика, „Nothing else matters“, „Don't cry“ и „I Don't want to miss a thing“ се песни кои сигурно ја допреле вашата емотивна страна.

Во продолжение 5-те најубави романтични рок песни кои веројатно не сте слушнале:

Alter Bridge - Watch Over You

Alter Bridge е Американски состав и е многу познат низ целиот свет, а за жал во Македонија сè уште нема доволно обожаватели.

Ова им е една од најубавите песни во нивната дискографија, и е една од најнежните песни на сите времиња.

Racoon - Love You More

Racoon е холандски бенд, кој никогаш не достигнал светска слава. Ова е една од најубавите песни кои можете да ги посветите некому.

Comes With The Fall - White Hot

Уште еден aмерикански состав на листата, чиј пеач во моментов е член на групата Alice in Chains. Оваа песна е прекрасен начин да ѝ искажете љубов на вашата сакана.

Nick Cave & Kylie Minogue - Where The Wild Roses Grow

Ник Кејв и Кајли Миног се можеби најпознатите луѓе на листава. Нивната соработка доведе до една од најубавите балади на сите времиња.

Уживајте со оваа песна на вашиот следен романтичен состанок.

Myles Kennedy - Love Can Only Heal

Мајлс Кенеди е пеач на Alter Bridge, кој настапува и соработува со легендарниот гитарист на Guns 'N Roses – Слеш. Оваа песна е дел од неговиот соло албум, кој излезе годинава.

Можеби не станува збор за романтична песна, но оваа нумера, исто како и љубовта за која се пее, може да ја излечи вашата душа за пет минути.

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои песни се очекува да бидат хитови за пролет 2019? Сè уште се нема издвоено ниту една песна која е на пат да ја одбележи 2019 годин...
„Ние сме 2“ - Новата песна на Дупер која со нетрпение ја очекувавме Откако ја објавија хит песната „Не сум твој тип“, сите со нетрпение ја очекуваат...
Плеј листа: 100-те најдобри песни на 21-от век Музички, 21-от век е веројатно најтежок за дефинирање. Со години сме сведоци на ...