Објавена „новата“ досега нечуена песна од Фреди Меркјури

После цела деценија барање на изгубен вокален перформанс, објавена е претходно нечуена песна на Фреди Меркјури.

slushnete-ja-novata-dosega-nechuena-pesna-na-fredi-merkjuri-01.jpg

Time Waits for No One била дел од песните за мјузиклот Time од 1986-та година. Тогаш објавената верзија ја изведувал фронтменот на Queen со неколку слоеви придружни вокали. 

Но, сега е објавена верзија на пијано со различни вокали. Песната е напишана од Дејв Кларк кој смета дека демо верзијата имала квалитет што недостасувал кај финалната верзија.

„Кога прв пат ја снимавме, ја пробавме со Фреди само на пијано. Тоа беше магија. Потоа ја снимавме и додадовме 48 снимки со вокали. Беше прекрасно, но сè уште чувствувам дека имаше нешто во оригиналната проба“, изјавил Дејв.

slushnete-ja-novata-dosega-nechuena-pesna-na-fredi-merkjuri-02.jpg

После цела деценија барање, Дејв ја пронашол демо снимката во 2017-та година. Откако го изолирал гласот на Фреди го повикал оригиналниот пијанист, Мајк Моран, да ја сними песната на пијано.

Резултатот ни дава одличен увид во емоциите на вокалот на Фреди. Дејв ја опишал изведбата како магична и додал дека го почувствувал секој збор.

„Бев исто восхитен како и прв пат кога ја слушнав.“

https://www.youtube.com/watch?v=LGjt291COa0

Снимката на Фреди била мал хит во 1986-та година и се нашла на 32-второто место на топ листите во Англија.

Дејв и Фреди биле пријатели уште од 1976-та година и останале блиски сè до смртта на Фреди во 1991-ва. На последната ноќ од животот на Фреди, Дејв бил сам во собата со него.

„Докторот беше таму еден час претходно и рече дека има уште неколку денови, па не очекувавме да умре толку брзо“, изјавил Дејв во 2011-та година.

Дејв тврди дека Фреди за малку го испуштил пристигнувањето на нов лек кој можеби би му го спасил животот.

„Фреди проба сè. Имаше специјални нови лекови што му ги носеа од Америка. Велеше дека следната генерација ќе биде онаа што ќе го победи ова.

Тажното е што ако сето беше 12 месеци подоцна, тој можеби би бил во ред.“

Time Waits For No One е првата „нова“ песна од Фреди после успехот на филмот Bohemian Rhapsody. Во 2014-та година, албумот компилација Queen Forever содржеше неколку необјавени снимки од Фреди, вклучувајќи и дует со Мајкл Џексон.

Бендот исто така има укажано на постоењето на неколку оригинални песни снимени со Дејвид Боуви, во периодот кога беше објавен синглот Under Pressure.

slushnete-ja-novata-dosega-nechuena-pesna-na-fredi-merkjuri-03.jpg

Bohemian Rhapsody, чија премиера беше минатата година, е најуспешниот музички биографски филм во историјата, со заработка од неверојатни 900 милиони долари.

Рами Малек, актерот којшто го играше Фреди, доби и Оскар и Бафта награда за неговиот неверојатен перформанс.

„Фреди би го сакал. Би се смеел. Филмот е неверојатен и тој го заслужува“, изјавил Дејв.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава